Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Лицемерие е да прашувате за името на Армијата, а за патни налози и плата не ви пречи Северна

0
By Нова ТВ on January 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2020 18:12

Македонското Собрание, во рамки на 126-та седница, со 63 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“ и по скратена постапка го донесе Законот за измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска образложувајќи го, рече дека влегла во МО за да оствари две големи цени – влез на земјата во НАТО и армијата да биде ценета, и оти вели, сега може да каже дека овие две цели се постигнати.

„Влегов во МО за да постигнам две големи цели. Едната е членство во НАТО, а втората е да покажеме дека армијата може да биде ценета, почитувана, финансирана, и обезбедена. Законот за одбрана, за којшто наскоро очекувам поддршка во Собранието, значи да го формулираме начинот и политиките како државата да ја има поддршката на НАТО и да биде дел од системот на колективна безбедност. Овој закон дава шанси да гарантираме дека армијата ќе биде навистина армија на земја членка на НАТО. Тоа е задача која што е вредна не толку за Алијансата, многу е вредна за нас и нашите граѓани кои што сè уште сметаат дека оваа е институцијата која што ужива нивната највисока доверба“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека Законот за служба овозможува подобар систем којшто ќе гарантира подобра армија, но и подобри услови за работа во неа. Законот подразбира реформи и во делот на регрутирање и во делот на задржување на луѓето вработени во Армијата, но, исто така, дава нови, подобри, шанси за чесно пензионирање на луѓето коишто работниот век го минале во Армијата.

„Со овие нови правила ќе добиеме позадоволни припадници, но ќе добиеме шанси и за подмладување на Армијата и тоа е, исто така, важна работа која што сакаме да ја постигнеме со законот“, рече министерката за одбрана.

По прв пат со законот се дава шанса Армијата да може да стипендира во тек на образование луѓе коишто понатаму преземаат обврска да работата за Армијата, а тоа е, вели, систем којшто постои во сите сериозни поголеми подобро функционални армии особено во Алијансата. Воедно, рече, со законот, Армијата многу пошироко ги отвора вратите за младите коишто сакаат да бидат професионални војници, со тоа што се укинува условот за дополнително доброволно служење на воен рок.

Фото: sitel.com.mk

Со законот се регулира и прашањето на војниците коишто навршуваат 45 години возраст, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту ќе бидат фрлени во некоја институција без прашање.

„Еден дел од 45 годишните професионални војници ќе ги задржуваме во армијата. Сега постои таква можност да ги задржиме како цивилни лица ако може да бидат механичари, авиомеханичари, ако може да бидат стручни служби за кои не е битно да носат униформа, туку можат и како цивили да ја поддржуваат армијата“, рече Шекеринска.

Се покачуваат, рече министерката, и критериумите кои што се однесуваат на напредување на офицерскиот кадар со вметнување и на познавањето на англискиот јазик како еден од критериумите за високите офицери, бидејќи, ова е вели, веќе армија на НАТО алијансата. Со законот, меѓу другото, се решава и прашањето на станарината со што секој припадник на Армијата ќе добива надомест за станарина.

„На овој начин ја правиме нашата армија да биде НАТО армија. Очекувам и се надевам во име на сите припадници дека ќе имаме добра квалитетна и почитувана армија“, рече Шекеринска.

Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе дадат поддршка за законот, но реагираа зошто сега се предлага пред изборите и за начинот на промената на името на армијата. Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ праша зошто министерката во 15-минутниот говор да не каже дека е министерка на Армијата на Република Македонија, како што гласи името на законот.

„Мене не ми е јасно што е страшно да се каже Армијата на Република Македонија. Зарем не е скандалозно гардата во Армијата на РМ која ги пречекува странските дипломати да нема свои ознаки на униформата. Кога ќе ги погледаат нашите уноиформи тие не можат да видат од која земја се војниците. Зарем тоа не е понижување за војниците. Со која одлука го променивте името на армијата на Република Македонија“, праша Стевананџија.

Реплицираше министерката Шекеринска, која рече дека е лицемерно да се прашува за името на армијата, а на пратениците и министрите од опозицијата мкога треба да потпишат патни налози за службени патувања и да земаат плата да не им пречи името Северна Македонија.

„Ќе имате право да зборувате за униформи кога ќе сте им оставеле една униформа. Една не купивте, ни гардиска, ни свечена, ни борбена. Доста од тоа тапкање по рамо. Сте отишле да ги прашате како им и што велат  – многу ни беше убаво кога платите ни беа мали, а чизмите скинати, кога униформите ни беа стари. А кога немавме гуми ни акумулатори и бевме паркирани во касарна. Ја мамите и јавноста, а се трудите да ја мамите и армијата, ама таму потешко ви оди. Вие сте луѓето кои сакате армијата да остане и без плата и без униформа, ама вие кога одите на пат сите си потпишувате и си добивате пари од Република Северна Македонија. Нели е тоа лицемерие, од кого ги добивате платите, каде потпишувате патен налог“, рече Шекеринска.

Според завршните и преодни одредби, измените на законот за служба во армијата треба да влезат во сила од март, годинава. Пратениците во рамки на 126 седница го поддржаа во прво читање Предлог законот за изменува на Законот за супервизија на осигурување, а во рамки на 123 – седница денеска го поддржаа исто во прво читање Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

армија закон Министерство за одбрана Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.