НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суд за човекови права во Стразбур: Жртвите од лустрација обесштетени со 32.400 евра

0
By Нова ТВ on January 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација, досега има донесено шест пресуди против Северна Македонија, а во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот застапник пред ЕСЧП, Даница Џонова вели дека, освен за овие предмети, не може да даде други информации дали постојат во Стразбур.

„Од моментот на нивно поднесување, до моментот на нивно доставување одговор, за државата може да поминат години”, појаснува Џонова.

Во однос на пресудите на ЕСЧП, таа додава дека вкупниот износ за обесштетување во шесте досегашни пресуди изнесува 32.400 евра. Моментално пред ЕСЧП, како што истакна, во тек се предметите за Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски.

Првата пресуда на ЕСЧП против процесот на лустрација во Северна Македонија беше донесена за поранешниот уставен судија, Трендафил Ивановски, објавена во јануари 2016 и стана правосилна во април истата година.

Потоа следеше пресудата за Петар Карајанов, во 2017 година. Во следната 2018 година, ЕСЧП објави две пресуди, за Исак Ајрули и за Никола Костурски. Последните пресуди против процесот на лустрација беа објавени во 2019 година, во септември за Драги Билески и во ноември за поранешниот пратеник на ПДП, Сефедин Харуни.

Ивановски: Она што се спроведе не беше лустрација, туку кастрација на здравиот разум

Запрашан дали со донесување на Законот за поништување на лустрацијата ќе се исправи неправдата кон него и другите лустрирани лица, поранешниот судија на Уставниот суд, Трендафил Ивановски изјави дека единствено што остана од тој процес се последиците.

„Тоа е сериозно прашање пред избори. Треба да се има политичка клима, волја за да се даде извинување на овие луѓе, кои беа жртва на овој процес на лустрација во кој нивните права беа погазени. Донесувањето на овој закон беше неопходност, обврска. Став на Европската Унија и на сите други меѓународни организации, Стејт департманот и целата наша јавност беше дека овој процес беше забеган процес кој не беше лустрација, туку беше за кастрација на здравиот разум“, изјави Ивановски.

Тој меѓу друго рече дека самиот процес, доколку биде поништен, на некој начин ќе значи задоволување на правдата. Меѓутоа, Ивановски, нагласува дека без одговорност на Комисијата за лустрација, или пак на другите органи, само едно извинување од страна на државата, (иако е корисно) нема да ги задоволи сите барања на обесправените лица.

Владата на Република Северна Македонија на редовната 172 седница на 24 декември во 2019 година, го утврди текстот на Предлог законот за огласување ништовност и поништување на правните акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи. Во него се предвидува и надоместок на штета за оштетените лица од наведените акти и дејствија.

Последните настани во Комисијата за политички систем не најавуваат дека овој закон ќе се донесе пред 12 февруари, кога е предвидено да се распушти Собранието пред предвремените парламентарни избори. Предлог-законот беше на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односите меѓу заедниците, но поради немање кворум и неприсуство на пратеници од ДУИ, од Демократската партија на Турците (ДПТ) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ седницата беше одложена.

За шестгодишното работење, Комисијата за лустрација прогласи за кодоши околу 200 лица, а речиси половина од нив беа починати. Таа беше формирана во 2009 година, а беше укината на 1 септември 2015 година.

лустрација Македонија Обесштетување Стразбур Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.