Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ужас во САД: Момче со пиштол уби три деца и жена

0
By Нова ТВ on January 19, 2020 СВЕТ
Фото: gephardtdaily.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 19, 2020 19:40

Момче со пиштол уби три деца и жена во семејна куќа во населбата Грантсвил во САД. Петтото застрелано лице е хоспитализирано и надвор е од животна опасност. Детето што пукаше е уапсено.

Полицијата ги утврдува сите околности на најновата пукотница во САД што ја потресе јавноста. Извори од истрагата веруваат во сродство на жртвите, но одбиваат да излезат со повеќе информации за момчето што пукаше со оглед дека се работи за малолетник.

„Се обидуваме да бидеме сигурни во фактичката состојба и ги проверуваме односите меѓу напаѓачот и жртвите. Мотивите засега се непознати“, изјави Ронда Филдс од полицијата во Грантсвил, недалеку од Солт Лејк Сити.

Фото: deseret.com

Повеќекратното убиство е прво во Грантсвил во последните 20 години. Момчето се соочува со 10 обвинувања од кои најтешкото е за убиство, нагласуваат од полицијата. Тој, воедно, е единствен осомничен во трагичниот настан, а имињата на жртвите, според агенцијата АП, ќе бидат објавени во понеделник.

Фото: washingtontimes.com

Полицијата одговори на повикот за пукотница во Грантсвил во петокот во 19 часот по локално време. Полицајците во куќата пронајдоа тела на две девојчиња, на момче и на жена додека момчето кое пукаше и петтата негова жртва веќе беа превезени во болница. Повреденото дете е во стабилна состојба и се очекува да се опорави од повредите со огнено оружје.

Момчето напаѓач, пак, беше уапсено во болница и задржано во затвор за малолетници. Училиштето во квартот Туели понуди психолошка помош за сите вознемирени деца. Гувернерот на Јута, Гери Херберт упати апел до семејствата за обезбедување на огненото оружје што го поседуваат.

„Сите цврсто прегрнете ги своите најблиски и запаметете дека љубовта, а не омразата, ќе ги излекува скршените поединци и семејства“, напиша Херберт на Твитер.

деца Пукотница САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.