НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција: Бројот на жртви од земјотресот се зголеми на 31, над 1.500 повредени

0
By Нова ТВ on January 26, 2020 СВЕТ
Фото: aawsat.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на жртви од земјотресот што со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала вчера ја погоди Турција се искачи на 31, бројот на повредени е 1.556 додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините на станбените згради, соопштија властите.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека 18 лица го загубиле животот во провинцијата Елазиг, а четири смртни случаи се регистрирани во Малатија. Националната Агенција за вонредни ситуации подоцна потврди за уште девет загинати лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги посети најпогодените подрачја од земјотресот. Притоа предупреди „да не се шират трачеви“ и информации од типот „рекла-кажала“ дека државата не е подготвена за вакви и слични природни непогоди.

„Не слушајте трачеви и негативна пропаганда. Да знаете дека сме ваши слуги“, рече во таа прилика Ердоган што го пренесе „Јуроњуз“.

Мурат Курум, министер за околина во турската Влада, истакна дека во двете провинции (Елазиг и Малатија) се урнати околу 30 објекти.

Епицентарот на земјотресот беше во близина на градот Сирвиџа, на длабочина од 6,7 километри. По најсилниот потрес, следуваа уште два со јачина од 5,4 и 5,1 степени. Провинцијата Елазиг се наоѓа на 750 километри источно од Анкара.

биланс земјотрес Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.