Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската делегација во Стразбур остана без глас поради родова нееднаквост

0
By Нова ТВ on January 27, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: assembly.coe.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2020 16:17

Зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените во составот на делегациите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но, во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само 2 се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата.

Сепак тоа не е доволно, па годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја во однос на составот на македонското собрание. Ова барање за оспорување на составот на делегацијата го истакна унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Покрај нашата земја, овластувањата се оспорени и на уште неколку други земји, како Швајцарија или Шведска.

Тоа значи дека се до одлуката на ПССЕ, нашите парламентарци ќе можат да заседаваат во ПССЕ, но не ќе можат да гласаат. 

Инаку на почетокот од годинашнава сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, парламентарците од 47 земји членки го избраа белгискиот сенатор Хендрик Даемс за свој претседател. Претседателството со ПССЕ е ротирачко меѓу парламентарните групи. Белгискиот сенатор доаѓа од групата на Европските демократи либерали со мандат од една плус една година, тој на оваа функција ја наследи швајцарската парламентарка Лилијан Мори Паские.

Делегација Македонија Парламентарно Собрание родова нееднаквост Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.