НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова средба за законот за ЈО: Опозицијата не отстапува од барањата

0
By Нова ТВ on February 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За денеска е закажана нова средба на работните групи за надминување на разликите околу законот за јавно обвинителство. Според најавите, најпрво се планирани поединечни средби, а по нив и заедничка на работната група составена од претставници на парламентарните партии и експерти, во обид да се усогласи верзија на предлог-закон што подоцна ќе се поднесе во Собранието.

По средбата на работната група во петокот, некои пратенички групи завчера доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за формулација поради обврските што ги имаа со „Жан Моне“ дијалогот. Заради доверба на процесот, од Министерството за правда рекоа дека нема да откриваат кои пратенички групи доставиле амандмани.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

„Нема шанса да отстапиме од нашите барања во однос на законот за јавно обвинителство“, порача вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Во врска со повикот на партискиот лидер, Христијан Мицкоски до Министерството за правда да ги прифати сите забелешки на експертите кои учествувале во јавната расправа, Јанушев забалежа дека министерката Рената Дескока стои наспроти цела правна фела.

„Впрочем, се она што го кажаа експертите, професорите од Правен факултет и сите оние кои на некој начин се поврзани или затекнати со законот за Јавно обвинителство го говорат истото, само Рената Дескоска го говори спротивното“, додаде тој.

За тоа дали ќе се донесе законот пред изборите, Јанушев вели дека според партијата секако дека треба да се донесе, но не онаков, каков што го предлага СДСМ.

Вчера и министерката Рената Дескоска му порача на ВМРО-ДПМНЕ да се посветат на подготовка на амандмани ако сметаат дека се потребни измени во текстот на законот. Само така, вели така, ќе покажат дека се подготвени да ги стават интересите на евроинтеграцијата пред личните интереси на обвинетите и осомничените криминалци од нивните редови.

На петочната, втора средба, на работната група во поширок формат со претставници на политичките партии и пратеничките групи од Собранието, се разговараше за амандманите за подобрување на законскиот текст по дводневната експертска јавна расправа за законот.

Останува отворено прашањето дали партиите ќе успеат да ги усогласат ставовите за да може Парламентот да го донесе законот до распуштањето на Собранието. Според претседателот на Парламентот Талат Џафери, има деловничка можност Предлог-законот да биде веднаш ставен на собраниска седница доколку текстот биде усогласен.

На неопходноста од донесување на законот за ЈО изминатите денови укажуваа и внатрешните политички фактори, но и меѓународната заедница.

Закон за ЈО Игор Јанушев работни групи Рената Дескоска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.