Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова Влада во Приштина: Блерим Река е министер за европска надеж на Косово

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 СВЕТ
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2020 09:23

Блерим Река, кој беше кандидат за македонски претседател од Алијансата на Албанците и на движењето „Беса“ на последните избори, е нов министер за европска надеж на Косово. Професорот и амбасадор на Македонија во мисијата во Европската унија во периодот од 2006 година до 2010 година, ја прифати понудата на новиот премиер на Косово, Албин Курти и стана дел од неговиот кабинет кој беше изгласан во Приштина.

За Курти гласаа 66 пратеници, воздржани беа десет и ниту еден против во 120-членото Собрание на Косово. Пред гласањето, собраниската сала ја напуштија пратениците на опозициските партии на Албанците, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, а воздржани беа десетте пратеници на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ).

Идниот кабинет на Курти ќе има 15 министерства и двајца вицепремиери. По шест од министерствата се доделени на ВВ и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), две ќе води Српската листа и едно групата „Г-6“ на другите немнозински етнички заедници.

 

Министри од редовите на „Самоопределување“ се: Албулена Хаџиу за правда, Глаук Коњуфца за надворешни работи, Бесник Бислими за финансии, Розета Хајдари за економија, Арбен Витиа за здравство и Блерим Река за евроинтеграции, додека на местото втор вицепремиер е избран Хаки Абази.

Прв вицепремиер ќе биде Авдулах Хоти од ЛДК, додека министри од партијата на Иса Мустафа ќе бидат и Антон Ќуни за одбрана, Агим Велиу за внатрешни работи, Љумир Абиџику за инфраструктура, Бесиан Мустафа за земјоделство, Хикмете Бајрами за образование и Вљора Дурмоши за култура.

Од претставниците на Српска листа, Далибор Јевтиќ ќе биде министер за заедници и враќање додека Иван Милоевиќ ќе раководи со ресорот за регионален развој. Член на кабинетот на Курти од немнозинските етнички заедници ќе биде Емилија Реџепи која ќе биде на чело на Министерството за администрација и локална управа.

По положувањето на заклетвата, новиот косовски премиер одржа пригоден говор, во кој порача дека ќе владее отчетно и транспартно, врз основа на волјата на граѓаните. Курти вети напорна работа за подобрување на животот на сите граѓани на државата, а на надворешен план нагласи дека Косово ќе остане на патот на евроатлантските интеграции и ќе ги негува врските со земјите сојузнички, при што посебно ги спомена Албанија и САД.

„Денеска отвораме ново поглавје. Она што се чинеше невозможно изгледаше така само на прв поглед и еден народ кој го одби потчинувањето ја направи промената. Денеска не победија ВВ и ЛДК, победија граѓаните на Косово кои секогаш кога се соочуваа со неправда се креваа на нозе. Ветувам дека ќе бидам премиер на сите, ќе го слушам гласот на секој граѓанин“, изјави Курти.

Блерим Река Влада Евроинтеграции Косово министер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.