Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ не предложи ново име за МТСП на местото на Рашела Мизрахи

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2020 09:20

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во техничката Влада ќе остане празно до изборите, откако ВМРО-ДПМНЕ до вчерашното распуштање на Собранието не даде нов предлог за оваа позицијата по разрешувањето на техничката министерка, Рашела Мизрахи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на прес-конференција во седиштето на партијата соопшти дека нема да предложат ново име бидејќи, како што рече, не сакаат да учествуваат во игрите на Зоран Заев и Оливер Спасовски.

„Тоа беше една процедура во која слугата на Заев, Оливер Спасовски, на начин на кој ги прекрши сите закони и политички договори, се обиде да го затскрие моментот кога јавноста и пратениците слушаа како всушност Зоран Заев го советувал Бојан Јовановски, како објаснува дека знаел за делувањето на „Меѓународниот сојуз“ и ја помагал работата на телевизијата. Сето тоа се обиде да го сокрие со смената на најдобриот министер во Владата, Рашела Мизрахи. Тој чин ние не го признаваме и немаме намера да бидеме дел од оваа игра на која основен сценарист е Зоран Заев, а извршител Спасовски“, рече Мицковски.

По разрешувањето на Мизрахи во Собранието, техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати барање до ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика, но до распуштањето на Собранието таков предлог не дојде од страна на опозициската партија.

Во ваква ситуација, со овој ресор до изборите би требало да раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ, а по изборите и до изборот на новата Влада, раководењето со ресорот треба да го преземе редовниот заменик-министер во МТСП, Ѓонул Бајрактар.

Техничката министерка Рашела Мизрахи беше разрешена на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски поради непочитување на уставното име на јавните настапи, односно поради таблата со името „Република Македонија“ пред која држеше прес-конференции. Владата соопшти дека Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања и на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување од функцијата технички министер за труд и социјална политика. Овие решенија беа поништени на последната владина седница.

ВМРО-ДПМНЕ МТСП Рашела Мизрахи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.