Лидерот на СДСМ, Зоран Заев со ново огласување преку својот Фејсбук профил. Овојпат на тема раст на економијата и пад на невработеноста во државата по смената на власта во државата во 2017 година, а во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април. Бројките потврдуваат, напиша поранешниот премиер, на социјалната мрежа за што ги наведе за неколку сегменти.
„Бројките потврдуваат дека економијата расте. Невработеноста падна на рекордно ниски 17,1 отсто, а стапката на невработеност кај младите е 35,3 отсто во споредба со 2016 кога беше 48,6 отсто. Отворени се 60.000 нови работни места додека 106.000 работници добија зголемени плати преку мерката за субвенционирање на придонесите од плати“, стои во Фејсбук постот на Заев.
а 48 отсто за помалку од три години, како и учество на преку 20.000 лица во Гаранцијата за млади во 2019 година од кои 6.034 се вработиле. Преку Оперативниот план за вработување, потенцира Заев, е поддржано отворање на 2.500 микро бизниси. Најголем дел од нив што биле започнати во 2017 година или поточно 93 отсто се сè уште активни, процент кој за бизнисите отпочнати во 2019 година е 99 отсто.