Поранешниот премиер со 55% победи на вториот круг од претседателските избори, кои за прв пат се одржуваат преку директно гласање. Неговиот противкандидат, министерот за надворешни Карел Шварценберг освои 45%. Како што пренесува Би-Би-Си, Г. Земан е голем уживател на алкохол и цигари, инаку познат по духовитоста со која се справува со опонентите. Неговата претседателска улога според Уставот е прилично лимитирана, а најголемите должности се однесуваат на преставување на земјата во странство и именуавње на кандидати на Уставниот суд и Централната банка. Г. Земан е наследник на евро-скептикот Вацлав Клаус, после десетгодишното обавување на фунцијата шеф на државата.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.