НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков за „Монструм“: За убиствата дознав по пола час откако се случиле

0
By Нова ТВ on February 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на денешното сведочење во Кривичниот суд Скопје за предметот „Монструм“ кој се однесува на убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковско Езеро на 12 април во 2012 година, посочи дека не може да се сети дали странски служби ги информирале дека станува збор за лица кои биле на воените боишта во Авганистан и како припадници на Ал Каеда.

„Не се сеќавам дали оперативната обработка за исламистичка група се издиференцирала во овој случај. Не можам да се сетам дали странски служби нè информирале дека станува збор за лица кои биле на воените боишта во Авганистан како припадници на Ал Каеда. Сите мотиви во овој случај ги класифицираше јавниот обвинител“, истакна Мијалков.

Поранешниот директор на УБК наведе дека немал претходни информации дека ќе се случи овој настан. На прашање на обвинетиот Фејзи Азири, дали на 12 април во 2012 година фунционирале безбедностите камери на Град Скопје, Мијалков одговори дека тоа може да се провери во МВР и дека не се сеќава кои камери работеле пред осум години.

Мијалков беше прашан дали одржал средба со директорот на тајната служба по овој убиствата кај Смилковското езеро.

„Да, имав една средба со шефот на тајната полиција, но не се сеќавам кога точно е реализирана“, наведе Мијалков.

Обвинетиот Азири побара појаснување од сведокот Мијалков, зошто истрага е водена во една насока.

„Во моментот на настанот немавме никакви информации. Не е вистина дека сме воделе постапка во еден правец. Групата се издиференцира како резултат на материјалните докази и од ПИ-мерките. Не можам да ви кажам како вашиот број е избран да се следи“, рече Мијалков.

Мијалков за настанот дознал половина час по убиството. Случајот го воделе БЈБ, а Управата била вклучена со помагање во информации.

„УБК беше присутна во својство и улога на собирање информации по однос на оперативни сознанија. За овој случај беа ангажирани сите ресурси на УБК и БЈБ“, појасни Мијалков на прашање на обвинителката Фатиме Фетаи.

Денешното рочиште за случајот „Монструм“ продолжува со сведочење на поранешниот советник за национална безбедност, Синиша Алексовски. По него треба да сведочат и поранешните министри Муса Џафери и Блерим Беџети.

рочиште Сашо Мијалков сведочење случај Монструм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.