Хакерите тврдат дека се дел од активистичката група Анонимуси и интернет нападот е како одговор на смртта на интернет активистот Арон Шварц. Активистите упаднале на сајтот на Комисијата за пресуди, агенција на американската влада и таму ставиле видео изјава, која се однесува на смрттта на Шварц. Во изјавата е нотирано: “Пред две недели е премината линијата, кога е убиен Арон Шварц. Убиен е затоа што беше соочен со невозможен избор. Убиен затоа што беше присилен да игра игра во која не може да победи.“ 26-годишниот Шварц се соочуваше со обвинување за хакирање и се верува дека се самоубил.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.