Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациентката со коронавирус во фаза на оздравување, нема нови позитивни случаи

0
By Нова ТВ on March 1, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 1, 2020 09:37

Резултатите на последните три лица (едно вчера и две завчера) кои беа тестирани за коронавирус се негативни. Властите, сепак, апелираат до граѓаните да се придржуваат до препораките доколку патувале во региони каде се регистрирани случаи на болеста, како и да се почитува одлуката за откажување на јавни собири.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека тестот на возачот, кој го управувал комбето со пациентката кај која подоцна беше дијагностициран коронавирусот, е негативен, но тој ќе остане во изолација во домашни услови до 14-от ден кога завршува инкубацијата по што лекарите ќе одлучат дали лицето повторно ќе биде тестирано.

Негативен е тестот и кај лицето кое се јавило преку виничкиот Здравствен дом и се тестирало на штипското Инфективно одделение. Жената, пак, која вчера се јавила со симптоми на коронавирусот, била во регионот на Северна Италија и пристигнала во земјава на 26-ти овој месец без симптоми, со индивидуален превоз со уште еден член од семејството. Вчера утрото со симптоми се пријавила на Инфективната клиника.

Во карантин сè уште се четирите лица и оние девет кои патуваа со пациентката позитивна на коронавирусот која е на Инфективната клиника. Таа е во добра општа состојба, нема температура и веќе влегува во фаза на оздравување.

Според информациите со кои располага нашиот Конзулат во Италија, меѓу македонските граѓани кои живеат во северните италијански регион нема заболени од коронавирусот и некој е во карантин. Сепак, не се знае точниот број на оние кои доаѓаат од овој регион во земјава.

Коронавирус Македонија случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.