Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јазикот на другиот да се учи од најмала возраст

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2020 18:57

Веќе дванаесетта година најмалите од полошкиот регион го учат јазикот и културата на другиот во рамки на групата „Мозаик“ во детските градинки во Тетово и Гостивар. Дечиња од македонска и албанска етничка заедница во групите се воспитуваат, образуваат, другаруваат и создаваат на двата јазика. За нив се грижат по две наставнички кои ги говорат и македонски и албански и велат дека за групата има интерес од родителите, затоа што децата ја практикуваа мултијазичноста и во натамошното школување.

„Јас го започнувам часот со македонски јазик, потоа мојата колешка тоа што го зборувам го кажува на албански јазик и обратно. При одржување на часот се користат двата јазика и на тој начин децата можат полесно да го научат тоа што го изучуваме, но и самите јазици. Скоро сите дечиња кои оделе во „Мозаик“, наредните години бараат во оваа група да се запишат и нивните братчиња и сестричиња. Ние само докажуваме дека часот може да се одвива на два јазика и важна е оваа основа да се научи јазикот во градинките и тоа сметам дека треба да продолжи и во училиштата“, рече учителката од детската градинка „Младост“ во Тетово, Дијана Петрушеска.

Групата „Мозаик“ во 2008 година започна како проект и формирана е по иницијатива на родители. Присутна е во повеќе градови во Македонија каде има мешан етнички состав. Овој начин на воспитување и образување на децата за неколку години го има вметнато во својата програма и Министерството за труд и социјална политика.

„Целта на проектот е да се види како децата би го минале денот и се покажа како многу успешен. Но, во градинките тоа не беше за првпат децата да бидат заедно. Тие заедно си играат и според нашата програма. Овде мислам и на децата кои не се дел од „Мозаик“, и тие се мешаат. На почетотокот немаше многу деца, немаше многу одзив од страна на родителите, но оваа година се 30 деца. Децата меѓу себе си играат и ги учат јазиците и мислиме дека успешно си оди работата со „Мозаик“. Децата си разговараат, ги учат двата јазика и сме немале проблеми од родителите. Тие преку ден не преспиваат туку постојано нешто работаат и тие родители кои сакаат ваков начин на згрижување го одбираат „Мозаик“. Ги има вакви групи во сите мултиетнички градови и тоа не е проблем се докажа дека тоа е нормално. Ги има во Дебар, Куманово има и во Чаир каде има група и на турски јазик“, истакна директорката на детската градинка „Младост“, Рамије Даути.

Таа смета дека ваков сличен проект треба да има и во училиштата, во барем една одредена група каде родителите би избрале децата да учат во таа мултиетничка група, која ќе даде резултати како во детските градинки. Од Секторот за јавни дејности при општина Тетово, велат дека внимаваат на мултијазичноста

„Значи Тетово е мултиетнички град. Тоа е богатство што треба да се зачува и да се пренесе и на децата и на учениците. Во Тетово има голема почит за овие работи, тоа е наша вредност сите овие едукативни активности се реализираат цело време. Во Тетово нема разлика, учениците не се поделени по национална основа. Тоа треба да се поттикне, да се зајакне и учениците да се едуцираат на соживот кое е наше богаство“, рече раководителот на Секторот за јавни дејсноти при Општина Тетово, Ахмед Ќазими.

Но, во праска, односно во училиштата, мултијазичноста не се спроведува, а уште полошо е што децата од македонска и албанска етничка заедница учат одвоено во различни објекти. Таков е случајот со гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово каде во централниот објект учат учениците кои следат настава на албански јазик, а во објектите на старото медицинско училиште учат нивните соученици Македонци. Такви примери има и во основните училишта во Тетово, но и во руралните општини.

Универзитетскиот професор на факултетот за јазици, култури и комуникации при Универзитетот на Југоисточна Европа, Демуш Бајрами, вели дека сите деца треба да бидат подеднакво прифатени во мултијазичната и мултикултурната средина, ако сакаме да се научи јазикот на другиот.

„За да се обезбедат принципите на еднаквост и универзалност, програмата треба да биде достапна за сите деца. Ова бара јасна прилагодена стратегија со европската практика. Во фаза на имплементација на стратегијата, потребно е функционален сеопфатен и најефикасен модел со доследно почитување на јазичните и културните разлики“, вели универзитскиот професор, Бајрами.

Тој додава дека Универзитетскиот на Југоисточна Европа каде предава е класичен пример како една образовна институција може да функционира на три јазици, на македонски, на албански и на англиски, зошто овој систем да не може да профункционира и во повеќе образовни институции, рече Бајрами.   

Албанци Македонија Македонци Мултиетничност мултијазичност Турци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.