НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски ги прими авторите на „Медена земја“: Ви благодариме што нè направивте горди

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска ги прими авторите на филмот ,,Медена земја“, кој од премиерата на филмскиот фестивал „Санденс“ на 28 јануари во 2019 година освои десетина други највисоки филмски награди во светот и беше номиниран во две категории на 92-то издание на Оскарите – за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.

На средбата со режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и кинематографот Самир Љума, премиерот Спасовски им честита за значајниот успех и заедно со колеги од Владата изрази огромната благодарност за гордоста што ја приредија на сите граѓани на нашата држава со создавањето на документарниот филм „Медена земја“.

„Ви благодарам што нè направивте горди со освоените награди и номинациите. Вашите успеси се големи и ние како Влада донесовме повеќе заклучоци во однос на изразување признание за успесите и нивната реализација“, рече премиерот Спасовски, кој беше придружуван од министерот за култура Хусни Исмаили, Националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, советничката за култура, Цветанка Ласкова и Бранко Петровски од Агенцијата за филм.

Присутните истакнаа дека со одлуките на Владата, меѓу кои преку Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се организираат серија едукативни настани, како и задолжувањата преку Министерството за култура и Министерството за образование и наука ќе се организираат емитувања на филмот „Медена земја“ за сите средни училишта и универзитети во земјата имаат единствена цел, понатаму се афирмираат и пренесуваат благородните пораки на документарниот филм, кој е посветен на приближувањето на еколошките теми, љубовта кон природата, но и односот и почитувањата на семејните врски.

Екипата на „Медена земја“, изрази задоволство од интересот и одлуките на Владата изнесувајќи ги своите ставови во однос на подобрување на условите на филмската кинематографија во нашата земја, давајќи предлози за поуспешно претставување на нашите филмови и фестивали на меѓународната сцена. Тие споменаа дека дел од успехот е и на кинематографот Фејми Даут, кој заради службени обврски беше отсутен.Премиерот Спасовски на членовите на тимот им додели плакета како знак за признание за историскиот успех, а тие нему му пренесоа поздрави и тегла мед од производството на пчеларката Хатиџе Муратова еден од главните ликови на документарецот „Медена земја“.

Премиерот Спасовски на членовите на тимот им додели плакета како знак за признание за историскиот успех, а тие нему му пренесоа поздрави и тегла мед од производството на пчеларката Хатиџе Муратова еден од главните ликови на документарецот „Медена земја“.

„Медена земја“ Влада Оливер Спасовски филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.