Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска истакна дека со косовските колеги се во координација во пресрет на фудбалскиот дуел меѓу Македонија и Косово на 26 март во Скопје.
„Во постојана комуникација сме со косовските колеги и се очекуваат да дојдат во Скопје на оперативна средба каде што ќе размениме информации со кои располагаме. Нивно присуство во Скопје ќе има и на 26 март“, изјави Славјанка Петровска.
За проблемите со набавка на пасошите, Петровска потенцира дека сè уште се работи на отстранување на застојот во издавањето.
„Во координација сме со компанијата која врши испорака и очекуваме да бидеме известени за денот на испорака“, рече дополнителната заменик министерка.