НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоев: Ученици од три основни училишта во Карпош во самоизолација

0
By Нова ТВ on March 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ученици од основните училишта во општина Карпош – „Владо Тасевски“, „Братство“ и „Јан Амос Коменски“ од денеска ќе бидат во самоизолација бидејќи нивните родители работат на Клиниката за дерматологија и биле на симпозиумот што се одржал во саботата на кој присуствувала и заразената директорка од Клиниката, Нина Цаца Билјановска. Ова го потврди градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

„Уште во текот на вчерашниот ден, известивме дека на 3 март, во основното училиште „Братство“, во Тафталиџе, се одржало предавање за превенција од коронавирус (во две одделенија, од четврто и седмо одделение), од страна на докторка која е вработена на Клиниката за дерматологија. Во своја лична изјава, докторката посочува дека пред одржување на предавањето во „Братство“, таа не била во директен контакт со директорката на Клиниката, Нина Цаца Билјановска, истакнува Богоев во изјава до медиумите.

Докторката е во изолација, како и нејзините две деца кои учат во „Братство“. На ова предавање, учествувале уште две други докторки од Клиниката за дерматологија, кои, сепак, како што тврдат, не биле во директен контакт со директорката, но се во домашна изолација, додава Богоев.

Исто така, три ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле се наоѓаат во домашна изолација, затоа што нивните родители биле дел од симпозиумот кој се одржал во ресторанот „Рагуза“.

Во „Јан Амос Коменски“ двајца ученици се во изолација, затоа што нивни родители присуствувале на симпозиумот.

„Свесни сме за паниката што се шири во основните училишта и градинки, но сакам да апелирам на смиреност и следење на здравствените протоколи. Како Општина набавуваме и дополнителни средства за хигиена за сите основни училишта и градинки, а екипите се подготвени и за вонредна дезинфекција на сите основни училишта и градинки“, вели Богоев.

Додава дека претходно, при крајот на февруари, Општина Карпош спроведе редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и градинки, а вонредно се исчистени и кујните во основните училишта.

„Како локална самоуправа, формиравме и Комисија за следење на состојбата, превенција и справување со вирусот, при што на дневно нивно го следиме присуството и отсуството на ученици и наставен кадар. Од досегашната ситуација, поголемо отсуство има во градинките, што е и очекувано за овој период од годината, а отсуството е значително помало по основните училишта. Во комуникација сме со ресорните министерства и очекуваме денеска повеќе информации и од нивна страна“, вели градоначалникот на општина Карпош.

карпош Коронавирус Самоизолација Стефан Богоев ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.