Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само третина од Македонците би жртвувале лични права во борбата со Ковид-19

0
By Нова ТВ on March 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: businessinfo.cz
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2020 10:10

Мнозинството од луѓето изразуваат загриженост за себе и за своите најблиски во врска со коронавирусот. Три четвртини велат дека се подготвени дури и да жртвуваат некои од нивните човекови права, доколку тоа би помогнало во справување со заразата. Повеќето земји стојат зад
своите влади во оваа битка. Но, во исто време, сепак, скоро пол се согласуваат дека заканата од коронавирус може е претерана. Луѓето ширум светот не знаат што да очекуваат во наредните недели – лошо или добро, тие не знаат ниту дали ширењето на овој вирус е природна појава, но, сепак, повеќето веруваат дека е така. Во меѓувреме, луѓето преземаат мерки за заштита на своето здравје.

Ова се резултати од анкетата што ја спроведе Gallup International Association (GIA) во контекст на
ситуацијата со Ковид-19, во која учествуваа над 25.000 луѓе во 28 земји низ целиот свет. Во нив спаѓаат САД, Русија, Индија, некои од најпогодените земји – Италија, Јужна Кореја, Шпанија, Франција, Германија, Швајцарија, итн…, како и многу други земји од различни континенти, вклучувајќи ја и Македонија, каде анкетата е спроведена од БРИМА, македноската члена на GIA. Како што стои во соопштението од GIA, анкетирањето во посочените земји беше завршено викендот, а во моментот анкетата продолжува во уште десетина други земји.

Причината за ваквиот начин на објавување, како што се посочува, е брзото менување на ситуацијата од ден во ден и затоа тие веднаш ги објавуваат резултатите од земјите во кои се завршени анкетите. Според истражувањето, вкупно 67 отсто од анкетираните се исплашени дека тие или некој од нивните семејства може да бидат заразени со коронавирусот – 38 отсто велат дека се плашат, а 29 отсто дека многу се плашат, 20 отсто велат дека не се плашат и 10 отсто дека воопшто не се плашат. Вкупно 30 отсто од испитаниците остануваат смирени во пресрет на инфекцијата, а 3 отсто не се подготвени да одговорат.

Резултатите од Македонија, се наведува, не отстапуваат многу од вкупниот просек. Анксиозноста од можноста за инфекција од овој вирус е присутна кај мнозинство од анкетираните – 63 отсто, наспроти 36 отсто кои покажуваат смиреност.

На прашањето „Колку се согласувате или не се согласувате со следнава изјава – „се плашам дека или јас или некој од моето семејство може да биде заразен со коронавирусот“, 20 отсто од учесниците во истражувањето целосно се согласуваат со изјавата дека нивната влада досега добро се справува со короновирусот, 42 отсто донекаде се согласуваат, 20 отсто донекаде не се согласуваат и 12 отсто воопшто не се согласуваат. Така, удделот на оние кои позитивно ја оцениле својата влада (62 отсто), го надминува удделот на негативно оценетите (32 отсто). Другите 6 отсто не можат да одговорат.

Сепак, мнозинство од граѓаните (65 отсто) во земјава искажуваат одобрување за досега преземените владини мерки, наспроти 29 отсто кои не се согласуваат како владата се справува со епидемијата.

Запрашани во која мера се согласуваат или не се согласуваат со изјавата – „верувам дека заканата од коронавирус е претерана“, преовладува ставот дека таа е претерана (49 отсто) наспроти оние кои веруваат во спротивното (46 отсто).

Балканските народи се оние кои претежно сметаат дека опасноста е претерана – вкупно 73 отсто така мислат во БиХ, во Македонија и во Бугарија. Додека, Французите, Холанѓаните, Австријците, Италијанците имаат спротивен став над 70 отсто не наоѓа никакво претерување дека заканата од коронавирус е претерана.

„Бројот на официјално декларирани заразени по жител во одредена земја очигледно игра значителна улога во овој поглед“, стои во анализата на анкетата која е направена пред првите смртни случаи во земјата.

Верувајќи во заканата или не, поголемиот дел од луѓето изразуваат јасна подготвеност дури и привремено да жртвуваат некои од нивните човекови права, доколку тоа би помогнало во спречување на ширење на вирусот. Така 32 отсто потполно се согласуваат со ваквата можност, 43 отсто се согласуваат, 13 отсто не се согласуваат, а 6 отсто воопшто не се согласуваат. Останатите 6 отсто не можат да кажат. Значи, вкупно над три четвртини (75 отсто) од популацијата на анкетираните земји ширум светот, најверојатно, би се согласиле да бидат лишени од своите слободи сè додека не се реши заканата од Ковид-19.

Нема јасна слика за тоа што треба да се очекува во текот на наредниот месец, Според анкетата, 39 отсто сметаат дека најлошото допрва треба да дојде, 34 отсто веруваат дека најлошото веќе поминало, а 25 отсто веруваат дека ситуацијата ќе остане иста каква што е, а 2 отсто не може да одговори.

Македонците во пресрет на пандемијата остануваат повеќе оптимисти, со 44 отсто кои веруваат дека
најлошото е завршено и работите ќе почнат да се подобруваат, наспроти 35 отсто кои сметаат дека
најлошото допрва ќе дојде, а 21 отсто сметаат дека наредниот месец ситуацијата ќе остане непроменета.

Најпопуларните мерки за ограничување на инфекцијата ширум светот, се додава, вклучуваат почесто миење на рацете (споменато од 78 отсто испитаници), ограничување на директни социјални контакти (54 отсто) и употреба на средства за дезинфекција на раце (54 отсто). Само 9 отсто изјавиле дека досега не презеле никакви активности за заштита од Ковид-19. Сепак, за голем број на испитаници (46 отсто) седењето дома и намалување на социјалната интеракција не е една од мерките кои ја преземале досега. Овој удел е најсериозен во Турција (89%), Пакистан (80%) и Авганистан (66%).

Во Македонија, најчести преземени превентивни мерки од страна на граѓаните се почестото миење
на рацете (88 отсто), седењето дома и ограничување на директни социјалните контакти (54 отсто) и употреба на средства за дезинфекција на раце (48 отсто). Додека само 10 отсто одговориле дека употребуваат маски за лице и 5 отсто дека носат ракавици, 9 отсто изјавиле дека до сега не преземале никакви мерки.

Преовладува вербата дека вирусот се појавил природно: 45 отсто од испитаниците го делат ова мислење додека 32 отсто сметаат дека странска сила или земја намерно предизвикува ширење на инфекцијата, а 23 отсто не можат да пресудат. Меѓу поддржувачите на теоријата за намерно создадената зараза е и Македонија со 53 отсто испитаници кои веруваат во тоа, заедно со Бугарија (58 отсто), Ерменија (5 отсто) и Еквадор (52 отсто).

Анкетата на GIA беше спроведена во 22 земји низ целиот свет. Во секоја земја, репрезентативен примерок од мажи и жени беше анкетиран во текот на последните две недели, лице в лице, преку телефон или онлајн. Маргината на грешка за истражувањето е ± 3-5% на ниво на доверба од 95%.

„Македонија без кал“ анкета Брима Галуп Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.