Владатa објави јавен повик за организирање на авионски превоз за македонските државјани кои во моментот престојуваат во Берлин, Бон и Минхен и сакаат да се вратат во земјава. Рокот за пријавување е до утре, а крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27 март до 12 часот.
„Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство. Дестинациите за чартер летови се утврдени за градовите: Берлин – Скопје (377 патници), Бон – Скопје (355 патници) и Минхен – Скопје (183 патници)“, соопшти владината прес-служба.
Владата денеска објави јавен повик организирање авионски превоз за враќање на македонските граѓани со моментален престој во странство по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи (МНР). Притоа се утврдени две дестинации за чартер летови – Малта – Скопје (148 патници) и Загреб – Скопје (226 патници). Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до 27 март до 12 часот.