НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациентите над 80 години во Стразбур повеќе не се ставаат на респиратори

0
By Нова ТВ on March 27, 2020 СВЕТ
Фото: chru-strasbourg.fr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионот на Алзас е еден од најтешко погодените со коронавирусот во Франција. Состојбата таму полека излегува од контрола, а напливот на пациенти е толку голем што некои повеќе не добиваат нега.

Лекарите пријавуваат за драматични состојби во францускиот регион Алзас. Во универзитетската болница во Стразбур, медицинскиот персонал работи дури и ако е заразен со коронавирус, а пациенти постари од 80 години повеќе не добиваат поддршка од респиратори.

Наместо тоа, на постарите лица им се дава само „нега за крај на животот со опијати и апчиња за спиење“, наведуваат вработени во германскиот Институт за кризна медицина од Тибинген во допис до властите во покраината Баден-Виртемберг, која граничи со Алзас.

Коронавирусот и етиката: Кого да спасуваат лекарите?

Германските медицински експерти ја посетиле болницата во Стразбур во понеделникот и по враќањето предупредиле од „реална закана“ поради влошената ситуација. Тие ги повикуваат локалните германски власти „под итно“ да се подготват во случај епидемијата да го достигне тоа ниво и од другата страна на границата.

Според извештајот кој го пишуваат експертите, по еден пациент со потреба од респиратор се пријавува во болницата во Стразбур на секој час. Сега во болницата има 90 кревети со неопходната опрема, но се работи на проширување на капацитетот. Само тројца од 90 пациенти на интензивна нега биле помлади од 50 години и без претходни болести.

Сите пациенти кои можат да се движат и немаат ургентна потреба од нега се отпуштаат од болницата. Алзас е еден од најтешко погодените региони во Франција. Се смета дека верски собир во градот Милуз во февруари придонел за драматичното ширење на вирусот во регионот, но и во целата земја.

Во Франција во моментот има 20.000 случаи на коронавирус, а 860 луѓе починаа од болеста. Армијата во регионите на Стразбур и Милуз подготвува болници на отворено и пациенти се префрлаат таму. Освен што има голем недостаток на болнички кревети и опрема за заштита, се помалку има и медицински персонал кој може да го опслужува големиот број болни. Болниците веќе почнаа да ангажираат и лекари од други оддели како педијатри, па дури и студенти по медицина. Пет медицински работници во Франција веќе починаа како резултат на коронавирусот.

болница Респиратори Стразбур Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.