НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Италија има највисок процент на починати од ковид-19?

0
By Нова ТВ on March 31, 2020 СВЕТ
Фото: nytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со појавата на ковид-19 во Италија, во последните денови актуелна тема е високата смртност на Италијанците во однос на Кинезите и останатите нации во светот. Минатата недела таа достигна 10 отсто во Италија, наспроти 4 отсто во Кина, односно 6,6 отсто во Шпанија и 3,9 отсто во Франција. Одредени одговори на ова прашање се обидува да даде Матео Вила од италијанскиот Институт за студии по меѓународна политика од Рим преку анализата објавена на 27 март под наслов „Смртноста во Италија, меѓу вистината и реалноста“.

Според оваа анализа, смртноста во Италија од овој тип на коронавирус не се разликува воопшто од смртноста предизвикана од ковид-19 во другите земји во светот. Анализата заклучува дека смртноста се менува во однос на возраста на заразените и на бројот на заразени. Италија во однос на Кина има поголем број стари лица, што е најпогодена категорија од вирусот. Значи, нормално е да се очекува поголема смртност кај тоа население. Тој ја отфрла тезата дека во Италија, стапката на смртност од ковид-19 е поголема затоа што Италијанците сè уште живеат во така наречени „пошироки“ фамилии, односно со баби и дедовци.

Уште една теза со која не се согласува е дека вирусот е посмртоносен во одредени климатски услови. Климата во северна Италија е повлажна и постудена, за разлика од југот каде што е посуво и потопло. Според анализираните податоци вирусот подеднакво се однесува во различни клими. Тоа што не е исто од регион во регион е бројот на направени тестови. Во Италија има региони и од северот (Венето, Вале д‘Аоста, Трентино-Алто Атиџе) и од југот (Сицилија, Калабрија и Сардинија) што остваруваат висок процент на тестови. Целта е да се пронајдат преносителите на вирусот и истите да бидат изолирани за да се намали ширењето на вирусот. Во овој случај стапката на смртност е помала.

Од друга страна, има региони (Ломбардија, Лигурија, Емилија-Ромања) што прават тестови само на пациенти во најкритична состојба, па така процентот на смртност е многу поголем.

 

Уште едно прашање многу дебатирано е просечната возраст и половата определеност на типичниот ковид-19 пациент во Италија.

Според извештајот за смртност од овој тип на коронавирус, објавен на 26 март, од Високиот институт за здравје, на примерок од 6.801 починати, просечната возраст на пациенти починати и заразени со ковид-19 е 78 години. Од нив 29,2 отсто се жени, со просечна возраст од 82 години. Од обработените податоци, смртноста на возраст под 50 години е 1,2 отсто. Односно 17 пациенти се на возраст под 40 години (14 мажи и 3 жени). До сега не е забележана смртност на возраст под 30 години.

Од вкупно 710 клинички слики, починатите пред да се заразат со ковид-19 имале во просек 2,7 други патологии. Во бројки изразено: 15 пациенти (2,1о отсто од тестирани) немале патологии, 151 (21,3 отсто) имале една патологија, 184 пациенти имале 2 патологии (25,9 отсто) и 360 (50,7 отсто) имале три или повеќе патологии. Меѓу патологиите најчести се: висок притисок (73 отсто), дијабетес (31 отсто), срцеви заболувања (27,8 отсто), заболување на бубрезите (22 отсто), рак активен во последните пет години (17,3 отсто), деменција (14,5 отсто).

Пред да бидат хоспитализирани, 30 отсто од починатите пациенти позитивни на ковид-19 биле под различен вид терапии според постоечките патологии. Според најавите и предвидувањата, оваа и наредната недела се најважни за Италија. Се очекува бројот на заразени да биде во постојано намалување. Тоа што следува е како Италија ќе се справи со посткризниот период.

Според анализата на италијанскиот Институт за студии по меѓународна политика, потребно е да се донесат мерки и методи за да се пронајдат луѓето што се сè уште заразени и да се држат под изолација за да може да се контролира епидемијата. Ако вирусот е помалку смртоносен од тоа што замислувавме, неговата опасност останува непроменета. Од една страна, смртноста се намалува затоа што се зголемува бројот на тестирани. Од друга страна, и да се замисли дека вирусот заразил 1,2 милиони Италијанци, станува збор за само 2 отсто од вкупното население. Тоа значи дека сме далеку од масовно заразување на населението, за да може да се зборува за „immunità di gregge/ масовен имунитет по природен пат“.

Масовниот имунитет би го забавил процесот на заразување. Борбата против вирусот ќе биде сè уште долга, заклучува анализата што се обиде само да даде насока на некои прашања.

Оливера Јовановска

Италија Коронавирус смртност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.