Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев: Мерката за ограничување на движењето ја прекршиле 1.322 лица

0
By Нова ТВ on April 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2020 17:36

Мерката ограничување на движењето од нејзиното воведување во земјава ја прекршиле вкупно 1.322 лица, констатирани се 10 непочитувања на решенијата за изолација и 157 на изјавите за самоизолација, а поднесена е кривична пријава и 25 известувања за говор на омраза поврзан со Ковид 19. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил, при што се заблагодарува до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето како една од мерките за справување со коронавирусот.

„Во однос на статистика која се однесува на почитување на мерките за ограничување на движењето на граѓаните од нивното воведување, па се до денес: вкупно 1.322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, 62 лица од нив се на возраст до 18 години и 42 лица на возраст над 67 години. Приведени се вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата се на територијата на СВР Скопје. До основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања“, напиша Чулев.

Во однос на почитување на мерките за изолација и самоизолација, во објавата на министерот стои дека до сега на 2.405 лица им се издадени решенија за изолација, а вкупно 9.793 лица пополниле изјава за самоизолација. Во изминатиот период констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 прекршувања на изјавите за самоизолација. Во оваа насока поднесени се вкупно 134 кривични пријави до Основното Јавно Обвинителство.

„Заклучно со денеска, во вкупно 25 објекти се сместени 2.099 лица во државен карантин“, наведува Чулев.

Во објавата на Фејсбук стои дека од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесена е една кривична пријава и 25 известувања до основното јавно обвинителство кои се однесуваат на говор на омраза поврзан со ковид-19.

Изолација Коронавирус мерки Наќе Чулев Ограничување на движење прекршување Самоизолација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.