НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Нè очекуваат најтешките недели, ќе имаме многу починати

0
By Нова ТВ on April 5, 2020 СВЕТ
Фото: merkur.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пред САД се најтешките недели во борбата против коронавирусот, предупредувајќи дека ќе има многу смртни случаи.

„Ќе има многу мртви“, рече Трамп во своето дневно обраќање за пандемијата на ковид-19.

Тој сепак во неколку наврати се осврна на потребата САД повторно да се отворат за бизнис.

„Мора повторно да ја отвориме нашата земја. Не сакаме да го правиме ова со месеци, месеци и месеци. Државата не е подготвена за тоа“, рече американскиот претседател.

Трамп, исто така, додаде дека што е можно побрзо треба да се овозможи и одржување спортски настани и да се отворат рестораните. Здравствените експерти во Белата куќа неодамна проценија дека САД би можеле да се соочат со 100.000 до 240.000 смртни случаи од Ковид-19.

„Веројатно никогаш не сме виделе такви бројки. Можеби за време на војната, за време на Првата и Втората светска војна“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека 1.000 војници ќе бидат испратени во Њујорк, вклучително и воени лекари и медицински сестри. Притоа најави дека 29 милиони дози на лекови против маларија ќе бидат ставени во националните резерви за пациентите со коронавирус, и истакна дека медицинската и заштитната опрема им се испраќа прво на оние на кои им е најпотребна.

Доналд Трамп Коронавирус САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.