Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се огласи преку Фејсбук и потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирусот. Истакна дека се чувствува добро и го чека резултот од тестот кој му е направен денеска.
„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги презедовме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот по што ќе се утврдат следните чекори, напиша Заев на неговиот Фејсбук профил.