Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Со половина билион евра против корона-кризата

0
By Нова ТВ on April 10, 2020 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 10, 2020 13:23

Секој кој ја познава Европската Унија (ЕУ), знае дека земјите членки на крајот, сепак, наоѓаат некаков договор. Во секој случај, тогаш кога сите имаат интерес да се договорат. А таков случај е итната помош во време на коронавирус: или европските меѓусебно испреплетени економии заеднички ќе излезат од кризата или ќе продолжат само куцкајќи да се движат натаму. Но, овојпат придружната музика беше особено драматична, на многу места повторно беше потегнато прашањето за судбоносност и распад на ЕУ. Но, солидарноста, онака како што ја дефинираат јужните држави, не може да биде изнудена и може да му штети на северот.

Непотребен циркус

Во омилената европска дисциплина „циркус за домашните гледачи“, овојпат посебно се истакна министерот за финансии на Холандија, Вопке Хоекстра. Тој прво инсистираше на принцип, а потоа на детали. Постојат добри причини за Холандија да биде против т.н. корона-обврзници. Но, тоа што Холанѓанецот инсистираше уште и кредитите од Европскиот механизам за стабилност, кои сега се договорени, да бидат условени со одредени реформи, во дадените услови е дрскост. Веројатно тој сакаше кај своите сонародници да се прикаже како исклучителен тврдолинијаш. Но, тврдоглавоста не е политика, а за вакви однесувања во ЕУ по правило следат одмаздувања.

На другата страна на ровот се наоѓаа италијанскиот премиер Џузепе Конте и Шпанецот Педро Санчез, кои ја користеа очајноста на ситуацијата за да ја скршат препреката која досега забранува социјализација на долговите во ЕУ. „Солидарност“ – тоа е ударниот аргумент со кој сакаа да го принудат на попуштање фронтот на неволните, првенствено Германија.

Уцената не е добро средство

Овој обид е навистина разбирлив, но употребената политичка хебла е погрешно средство. Заканата со скорешна пропаст на ЕУ, доколку веднаш не бидат договорени милијарди евра заеднички долгови за да им се помогне на Италија и на Шпанија, е несварлива и опасна. Со тоа северните земји се притеснуваат до ѕид, кај нивните избирачи се разбудуваат одбранбени рефлекси и крајно се загрозува и стабилноста на посилните земји. Тоа не претставува убедувачка активност, туку уцена.

Создавањето фонд за обнова врз основа на заеднички долгови, како квази неконтролиран извор на пари, е опасен инструмент. Такво нешто мора да биде добро обмислено и аранжирано. Кој треба да го контролира користењето? – Кој ќе се грижи за отплатата? – И дали ЕУ може да спречи, евентуално на италијански премиер со име Матео Салвини да му ја финансира неговата популистичка држава? – Но, доколку заедничките долгови еднаш се воведат, забраната ќе биде скршена. Тогаш северот фактички навистина може да западне во ситуација трајно да ги софинансира државните финансии на југот, што крајно ќе води до распаѓање на ЕУ.

Парите не се доволни

Според сегашниот договор, првично ќе бидат мобилизирани околу половина билион евра, како мешавина од кредити и гаранции, за да им се дадат евтини кредити на малите и средни по големина фирми, еден вид исплаќање пари за скратено работно време за сите вработени во целата ЕУ и гарантирање овозможен пристап на државите до 240 милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност, ЕСМ. САД, за да ѝ помогнат на својата економија повторно да застане на нозе, во првичната одлука одобрија два трилиона долари. Ним им е полесно, тие едноставно сами си ги печатат парите. Но, споредбата покажува дека договорената сума за ЕУ ни оддалеку нема да биде доволна.

Солидарност од двете страни

Како последица на пандемијата на коронавирус, економистите прогнозираат длабока рецесија и натпревар во загуби. Јасно е дека ќе бидат потребни огромни суми и дека на најзасегнатите држави ќе им биде потребна најголемата помош, за тоа навистина е потребна солидарност. Но, во идните недели мора да се дискутира околу тоа како да се соберат парите и како да се врши финансирањето, во колкав временски период и под какви услови.

Побогатите земји, поаѓајќи, пред сè, од сопствени интереси, нема да се спротивстават на формирање корона-фонд за обнова. Но, тоа треба да го направат по своја слободна желба, затоа Италија и Шпанија треба малку да ја стивнат вербалната артилерија. Да му се вперува на партнерот пиштол в гради и да му се вели: „Биди сега солидарен“, го загрозува во еднаква мерка единството во ЕУ, како и евентуален недостаток на солидарност.

ЕУ Корона-криза Солидарност финансиска помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.