НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првиот тест за ковид-19 на новинарот Гоце Михајлоски бил направен во приватна клиника и бил негативен

0
By Нова ТВ on April 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Телевизија „Канал 5“ излезе со соопштение во кое потврдува дека главниот и одговорен уредник Гоце Михајлоски е заболениот новинар со ковид-19 кој во изминатиот период беше домаќин во „Само Интервју“ на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев (2 април) и Христијан Мицкоски (3 април). Двајцата, како што кажа министерот за здравство Венко Филипче, од денеска се наоѓаат во изолација во домашни услови, иако тестот на Мицкоски е негативен, а за Заев се очекуваат резултати во текот на денот.

Во соопштението на „Канал 5“ се наведува дека Михајлоски пројавил први симптоми во неделата, на 5 април, во форма на главоболка, малаксаност и замор по што веднаш го напуштил работното место. Првиот тест го направил во приватна клиника на 7 април и покажал негативен резултат за два дена подоцна да биде хоспитализиран во ГОБ „8 септември“, а утрово да стигне информација дека, сепак, е носител на коронавирусот.

„Викендот на 28 и 29 март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на своте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30 март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи, ниту симптоми. Во четвртокот и петокот, во емисијата „Само интервју“, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи. Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во неделата, 5 aприл, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што околу 17 часот го напуштил работното место“, се вели во соопштението на ТВ „Канал 5“.

Михајлоски, како што се наведува во дописот, од 6 април бил во самоизолација и во меѓувреме добил и температура повисока од 38 степени. Од телевизијата тврдат дека преку матичен лекар се обидел да добие упат за тестирање, но при епидемиолошката анкета не покажал доволно симптоми.

„На 7 април, во утринските часови, поради зголемена температура, прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е негативен на коронавирусот. Во четврток, 9 април, колегата Михајловски заминува во градската болница „8 септември“, каде е примен, а утринава нè информираше дека, сепак, е позитивен на ковид-19“, велат од телевизијата посочувајќи дека во соработка со Министерството за здравство ќе ги преземат сите чекори за надминување на „несреќната здравствена состојба“.

Од „Канал 5“ информираат дека подолг период имаат воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на вработените во телевизијата, како што се: задолжително мерење на телесна температура при влез во компанијата, дезинфекциски пунктови на пет локации, односно на секој кат, дополнително и во информативната редакција. Задолжително, велат, работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири, за дополнитена заштита, а новинарите за кои е можно тоа, посочуваат, работат од дома.

„Канал 5“ Гоце Михајлоски Коронавирус ТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.