Британскиот премиер Борис Џонсон се огласи во јавноста, откако, поради компликации од ковид-19, минатата недела беше сместен на Одделение за интензивна нега и истакна дека „животот им го должи на лекарите“.
„Животот им го должам на лекарите. Не можам доволно да им се заблагодарам“, порача Џонсон кој седми ден е хоспитализиран.
Од кабинетот на Џонсон деновиве порачаа дека премиерот се опоравува, дека се чувствува многу подобро, а дека времето во болнички кревет го минува со играње на игри и гледање филмови. Откако беше хоспитализиран, се појави информација дека е приклучен на респиратор што од неговиот кабинет ја демантираа и рекоа дека користи само маска за кислород.