НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што е добро сценарио во пресрет на пикот на ковид-19?

0
By Нова ТВ on April 13, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самодисциплината најмногу му помага на здравствениот систем. Особено во пресрет на пикот кога се очекува бројката на новозаболени сериозно да расте. Што е добро сценарио во услови на пандемија? – Почитување на ограничувањата на движење и на другите превентивни мерки за заштита од коронавирусот, а преку таква самодисциплина се овозможува пикот на заразата да не ги оптовари одеднаш, да ги исцрпи или целосно колабира ресурсите на националните здравствени системи.

Земјите во регионот сè уште се обидуваат да одржат т.н. блага крива на заразата за полесно да се пребороди нејзиниот претстоен пик, кој според повеќе прогнози, се очекува по Велигден (19 април). Прогнозите за бројката на потенцијални новозаразени се различни во земјите од регионот, бидејќи се темелат на нивните моментални биланси.

Во соседна Бугарија, која добро се справува со коронавирусот, и каде до вчера бројката на заразени со ковид-19 изнесуваше 675, а бројот на починати 29 лица, лекарите не можат да предвидат каков ќе биде билансот во периодот на кулминација на заразата.

„Дури и при добро сценарио, што значи сите граѓани да останат дома и да ги почитуваат ограничувањата, за десет дена се очекува сериозно зголемување на бројката на заболени. Тоа може да значи по 100 нови случаи на ден, може да бидат и 200, па дури и 500. Сè зависи од самодисциплината“, смета Асен Балтов, шеф на Универзитетската болница „Пиргов“.

За грипот 10 дена, за Ковид-19 и повеќе од 4 седмици

Според досегашни статистики, околу 20 отсто од случаите имаат потреба од лечење во болница, 10 отсто од нив имаат потреба од сериозна реанимација со интубација, а смртен исход имаат 2 отсто до 5 отсто од заболените.

„Колку повеќе пациенти примиме во исто време, толку е потешко нивно правилно и соодветно лекување со користење на максималните ресурси на болниците. Затоа апелираме на почитување на мерките, бидејќи тие го ограничуваат ширењето на заразата и ни овозможуваат да лекуваме соодветно“, вели Балтов за „24 Часа”.

Статистиката ја дополнува со споредбени податоци: ако грипот поминува за осум до десет дена, при зараза со коронавирусот организмот не може да се исчисти од инфекцијата понекогаш и повеќе од четири седмици. Затоа и лекувањето трае еден месец, а понекогаш и повеќе, особено за оние кои се приклучени на распиратори.

„Ако пациентите ги примаме периодично, односно едни сме ги излекувале и на нивно место доаѓаат други, тогаш ќе биде многу полесно за здравствениот систем, за нас и, секако, за самите пациенти“, вели Балтов.

Според професорот Костандин Ангелов од Александровската болница во Софија, најлошо е ако болниците во еден момент бидат преплавени од пациенти, па да нема каде сите да се сместат. Потенцира дека земјите мора да се подготват и за такво сценарио. Според Ангелов, пикот на заразата се очекува по Велигден или непосредно по празникот и би можел да трае две до три седмици.

„Но, ако се почитува карантинот и ако се оди според планот, како што покажуваат математичките модели, кон средината на мај би требало да има знаци на совладување на ситуацијата“, вели Ангелов.

Одржана ниска стапка

И македонските здравствени власти излегоа со прогнози за пик на заразата до крајот на април. Во Северна Македонија до вчера беа регистрирани 828 случаи на заболени.

„Тоа претставува стапка на заболување од 40,3 на 100.000 жители. Споредено со регионот и со оние европски држави, каде беше преку 340, во Република Северна Македонија сè уште гледаме ниска стапка на заболување“, изјави вчера Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Во однос на возрасните групи кои најчесто заболуваат, тој посочи дека тоа се лица од 50 до 59 години, што значи дека засега се успева во напорите да се заштитат возрасните лица кои се изложени на најтешки форми на ова заболување.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, на 24 отсто од сите регистрирани заболени им било потребно болничко лекување. Најчести коморбидитети биле кардиоваскуларните и респираторните заболувања, додека 42 лица биле со дијабет. Регистрирани се 34 смртни случаи асоцирани со коронавирусот, со кои стапката на смртност изнесува 4,1 отсто што во однос на вкупната стапка која изнесува 6,2 отсто во светот и особено во европскиот регион, покажува дека Северна Македонија е далеку зад стапките во Италија, Шпанија, Франција. Од смртните случаи повеќе од 65 отсто се над 60 години и кај три четвртини е регистриран некаков коморбидитет.

Досега во Република Северна Македонија се направени преку 8.000 тестови, што според Микиќ, ја става земјата во врвот во регионот според број на тестирања.

Европа Коронавирус мерки Пандемија Пик сценарио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.