НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови двајца здравствени работници во Штип позитивни на ковид-19

0
By Нова ТВ on April 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден инфектолог и една медицинска сестра од хируршката сала на Одделението за ортопедија во штипската Клиничка болница се позитивни на коронавирус со што бројката на заразени здравствени работници во оваа установа се искачи на шест. Случај со пациент на кого му требало итна операција на ортопедија, од минатиот петок во самоизолација смести четворици здравствени работници, а една сестра е позитивна.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека епидемиологот направил епидемиолошка анкета со вработените во овој оддел по што од болницата се преземени мерки. Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека работата на Инфективното одделение овие денови ќе биде нормализирана со враќање на 10 здравствени работници.

„На работа се враќаат осум медицински сестри, еден инфектолог и една болничарка чии два теста покажаа негативни резултати на коронавирусот. На нашиот инфектолог во моментот и помага и лекарка од Кочани“, рече Ѓеорѓијев.

На Одделението за интензивна нега, иако еден анестезиолог е заразен, нема проблеми со кадарот, оцени Ѓеорѓијев, бидејќи на работа се и специјализантите. Тестовите, и покрај тоа што беа приоритетни за здравствените работници, доцнеа по неколку денови, проблемот, нагласи, ќе се надмине со доставување во лабораторијата во МАНУ што денеска не стартуваше поради технички причини.

Досега од штипската клиничка болница се тестирани 18 здравствени работници. На инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 14 пациенти од источниот регион.

„Кај девет пациенти кои се сместени на нашето одделение е потврдена корона-инфекција. Една пациентка е пуштена на домашно лекување, има два негативни бриса и многу скоро ќе биде прогласена за излекувана. Но, на најзино место имаме примено нов пациент така да повторно имаме девет пациенти кои се лежечки и сега веќе имаме и пет пациенти кои се сомнителни на корона-инфекција. Утринава е примен уште еден пациент од Кочани чија клиничката слика укажува дека е корона инфекција, но тоа треба да се докаже“, рече Ѓеорѓијев.

Тој е благодарен на општествено-одговорните компании кои на сметката на болницата досега донираа 600.000 денари, а дополнително над 5.000 евра се донирани во заштитна опрема за здравствените работници.

болница Здравствени работници Коронавирус Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.