НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Ја преземам одговорноста и прогласувам вонредна состојба уште 30 дена

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, донесена е одлука за прогласување на нова вонредна состојба што ќе трае во следните 30 дена. Формално-правно, тоа нема да биде продолжување на состојбата која завршува денеска бидејќи во моментот нема таква можност затоа што Собранието не работи. Пендаровски, посочи дека уставотворецот нема предвидено ситуација во која Собранието не работи и не ја потврдува првата одлука за вонредна состојба, а кога има потреба од продолжување на истата. Тој вели дека ја презема одговорноста да донесе одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена.

„Вчера добив предлог за воведување на вонредна состојба во следните 30 дена. Согласно процените, jасно е дека е потребно повторно прогласување на вонредна состојба. Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната состојба. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сеуште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи, јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања“, посочи Пендаровски.

Тој ги повика политичките чинители во државата да се изјаснат за начинот на продолжувањето на вонредната состојба во државата во следниот период, бидејќи со ваква ситуација сите ќе се соочат и на средината на мај.

„Постојната вонредна состојба, завршува денеска поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена и нема да биде формално-правно продолжена, бидејќи нема уставен основ. Затоа денеска, врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуација кога Собранието не работи, ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација во период од 30 дена на територијата на целата територија на државата. Но ова решение, не ја намалува одговорноста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање, затоа што во средината на мај, ќе бидеме повторно во иста ситуација“, посочи Пендаровски, кој смета дека во оваа ситуација Собранието треба да функционира.

Денешната седница на Советот за безбедност беше петта и посветена на заштита и справување со епидемијата на коронавирусот. Присутни беа претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министрите за внатрешни и за надворешни работи, Наќе Чулев и Никола Димитров и професорите Ветон Љатифи и Ненад Марковиќ. Останатите членови, како и министрите Венко Филипче и Бујар Османи кои беа поканети, поради новонастанатата ситуација поврзана со градоначалникот на Куманово, не присуствуваа.

вонредна состојба Коронавирус Совет за безбедност Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.