НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Репортери без граници“: С. Македонија на 92. место според слобода на медиуми

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија напредуваше за три позиции во изминатите 12 месеци на Светската листа на слобода медиумите што ја изготвува невладината организација „Репортери без граници“ со седиште во Париз. Од 95. место, земјава се искачи на 92. место со средна оценка од 31,28 поени.

„Владата не го смени законот за јавни медиуми, а реформата на јавниот радиодифузер е запрена. Неговите програми служат на интересите на поранешната владеачка конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната влада го отстрани државното рекламирање во медиумите, алатка на претходната влада за контрола на медиумите, што честопати доведе до проневера на јавните фондови“, се наведува во делот за Северна Македонија, насловен како „професијата се организира“.

„Репортери без граници“ забележуваат дека на општините им е дозволено да се рекламираат во локалните медиуми и со тоа да задржат средство за нивно контролирање. „Друга ризична одлука на владата: купување реклами во медиумите за запознавање со достигнувањата на владата“, стои во извештајот и се додава дека Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осуди оваа практика.

„Треба да се забележат две револуционерни достигнувања во врска со саморегулацијата и работните стандарди на професионалните новинари. Од една страна, создавањето регистар на професионални мрежни медиуми кој има околу 70 члена од Советот за етика на медиумите и ЗНМ. Оваа иницијатива ја промовира саморегулацијата на медиумите со тоа што ги обврзува да се придржуваат кон кодексот на новинари и да ги објавуваат одлуките на Советот. Од друга страна, потпишувањето од страна на синдикатот, во соработка со ЗНМ и Советот, на Повелбата за услови за работа на новинарите со нацрт договор за фер вработување на новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми. Оваа Повелба, исто така, се обврзува да ги почитува правата на новинарите и слободата на изразување“, се вели во извештајот на „Репортери без граници“.

На крајот констатираат дека физичките напади врз новинарите се смирија. „За жал, традиционалните закани и навреди од високи функционери кон печатот остануваат силни, а сајбер-нападите се во пораст“ пишува во извештајот.

Според индексот за слобода на медиумите, на листата пред Северна Македонија во регионот се Грција на 65. место, Косово на 70. и Албанија на 84. место. По Северна Македонија следуваат Србија на 93. место, Црна Гора на 105 место и Бугарија на 111. место.

Лидер на листата е Норвешка, а по неа се Финска, Данска, Шведска и Холандија. Последни, на делба на 177. место, се Кина, Еритреја и Туркменистан.

Индекс Македонија медиуми Репортери без граници слобода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.