НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Ја унапредуваме слободата на медиумите, остануваме отворени за секој конструктивен предлог

0
By Нова ТВ on April 22, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: fokus.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште на почетокот на здравствената криза со коронавирусот, препознавме дека една од повеќето важни задачи е навременото, постојано и веродостојно информирање, а со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата, се вели во соопштението на Владата.

„Централна алатка на таа стратегија беа и останаа дневните прес-конференции на официјалните институции, кои во зависност од динамиката и развојот на кризата се реализираат најмалку еднаш дневно. На прес-конференциите главен фокус имаат информациите кои доаѓаат од Министерството за здравство, согласно типот на кризата, а често се организираат мултиресорни прес-конференции или прес-конференции на други министерства кои навремено известуваат за сите важни и сервисни информации за потребите на граѓаните. Пристапот на медиумите до сите прес-конференции на Владата е непречен преку различни комуникациски канали (видео врска, емајл, телефон, чет апликации и слично)“, нагласуваат од Владата.

Овие принципи на комуникацијата со медиумите, се вели во владиниот допис, одеа во прилог на препораките на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и на Европската федерација на новинари (ЕФН), медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при лиферување на информации за ковид-19, да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето на невистини и создавањето паника во јавноста и да отстапат простор на експертите кои се квалификувани да известуваат и коментираат за ваквите чувствителни прашања.

„Во истата насока би сакале да се заблагодариме на ЗНМ, за заложбите и посветената работа за точно информирање од медиумите и апелите кон медиумите за воздржување од сензационализам и дезинформирање, односно придржување до Етичкиот кодекс при известување за пандемијата“, истакнуваат од „Илинденска“ бб.

Владата, се потенцира во соопштението, ја прифати како апсолутно соодветна и препораката „граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат за овие теми и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми“ (ЗНМ: Новинарите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста, 10 март 2020 година).

„Како што пандемијата започна да постигнува интензитет, така се зачестија барањата на акредитираните новинари што известуваат за настаните во организација на Владата, како и на нивните редакции, за обезбедување услови за заштита на новинарите во извршувањето на нивната работа. Овие барања се совпаднаа со ограничувањата на Владата за физичко групирање, па многу бргу беше обезбедена алатката за онлајн видео прес-конференции за што беше распишан повик за акредитација за да се обезбеди можноста за онлајн видео вклучување на прес-конференциите во Владата, за време на вонредната состојба. Со онлајн видео прес-конференциите се обезбеди двонасочна комуникација без да има потреба од физичко групирање на медиумските работници“, велат од Владата.

Можноста за вклучување во живо на онлајн прес-конференции, како и можноста за обезбедување дозволи за движење за време на полициски час, Владата мораше да ја обезбеди согласно постоечки професионални и независни критериуми. Владата, се наведува во соопштението, за таа цел се водеше според сите постоечки регистри на медиуми во земјата, без оглед дали доаѓаат од регулаторното тело АВМУ или се саморегулирачки како тој на ЗНМ/СЕММ.

„Во време на вонредна состојба, кога граѓаните се потпираат на информациите од медиумите за да го заштитат сопственото здравје, Владата мора да го штити јавниот интерес и професионалното известување, а нема подобар начин да се следат критериуми и стандарди, од тоа да се земат предвид постоечките регистри на професионални медиуми, кои секако не ги креира Владата“, пишува во дописот.

Онлајн прес-конференциите на Владата беа и остануваат на македонски и на албански јазик, а во голема мера се запазуваат и толкувачите на знаковниот јазик за лицата со попреченост.

Дополнително, воведена е пракса за секоја прес-конференција медиумите да можат да испратат на емајл или на другите канали прашања кои говорниците редовно ги земаат предвид и ги одговараат.

„Уважувајќи ги предлози на ЗНМ за дополнително унапредување на двонасочната комуникација меѓу владините претставници и претставниците на медиумите, информираме дека не постојат пречки на новинарите кои учествуваат во онлајн видео конференциите да им се овозможи да постават дополнително потпрашање, доколку со одговорот не добиле целосна информација и оваа можност веќе станува пракса“, нагласуваат од Владата.

Од Владата уверуваат дека ќе продолжи да се унапредува двонасочната комуникација со медиумите, што е еден од примарните владини комуникациски принципи, преку секојдневно организирање прес-конференции, прес-видеосесии и друг тип на прес настани во живо на кои медиумите ќе имаат можност непречено да поставуваат прашања, да добиваат одговори од институциите и да поставуваат потпрашања доколку за тоа имаат потреба.

Влада известување Коронавирус медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.