НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сугарески: Компаниите да не бидат загрижени, пари има доволно преку кредитните линии и во Буџетот

0
By Нова ТВ on April 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција истакна дека не очекува никакви проблеми во делот на исплатата на средства кон компаниите.

„Работодавачите и компаниите не треба воопшто да бидат загрижени, бидејќи има доволно средства и преку кредитните линии, но, се разбира, и преку буџетот. Не очекувам во ниеден случај заради средствата кој било проект да биде попречен од она што е согласно Планот за јавни набавки“, рече Сугарески.

Министерот нема информации дека се отпуштаат градежни работници.

„Знам дека фирмите работат на тоа, можеби некаде со понамалена, позабавена динамика заради целокупната ситуација, меѓутоа немам сознанија дека градежни работници се отпуштаат“, истакна Сугарески.

Во однос на акцизата на горивата, потенцира дека зголемувањето за три денари е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи дополнителен товар на граѓаните.

„Внесувањето на акцизата не е желба на некого, ниту пркос или надменост што сака Владата да ја покаже. Тоа е неопходност. Цената на нафтата во изминатиот период не се сеќавам да била на пониско ниво. Цената е 20 денари помала од декември, јануари, февруари и дел од од почетокот на март. Не може да стане збор за некаков голем потрес, зголемување. Ако ја гледаме акцизата дополнително како дел од горивото многу јасно е дека никаде нема помала акциза од овде. Собраните средства од оваа акциза ќе се користат за граѓаните, здравствените работници, за сите граѓани, за МВР, за сите што се вклучени во борбата со коронавирусот“, истакна министерот.

Запрашан за ставот на ресорното Министерството по најавата за протестот на транспортетите, Сугарески нагласи дека секој има демократско право да протестира и дека нивните барања може да ги достават до Владата.

буџет Горан Сугарески Исплати компании Македонија средства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.