НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајцата штипски насилници кои тепаа девојка добија по 2,5 години затвор

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По две и пол години затвор добија двајцата штипски насилници кои во јануари малтретираа и тепаа 21 годишна девојка. Насилството притоа го снимаа на мобилен, а материјалот беше објавен на социјалните мрежи на 2 април. Пресудата е објавена денеска во штипскиот Основен суд во присуство на жртвата, но не и на насилниците, ниту на нивниот бранител.

Поради посебните мерки, пресудата се читаше со минимално присуство на роднини и новинари. Судијата образложи дека како олеснителна околност за сторителите е земено во предвид нивното признавање на вина, изразување на каење, како и дека досега не сторителе кривично дело.

Бранителката на жртвата, Билјана Андонова се надева дека изречената казна ќе делува на обвинитетите и да сфатат што сториле, да се покајат, но и да се подобрат како личности.

„За оштетената не можам да кажам дали ќе биде задоволна или не. Затоа што ниту една казна не може да и го надомести сето она што го претрпи и што цела јавност го виде преку видеото. Искрено се надевам дека со оваа пресуда ќе се прати јасна порака и апел до цела јавност за нулта толеранција на ваков вид на насилство. Се работи за родово базирано насилство што е сторено врз млада девојка. Сметам дека казната ќе има, пред сè, генерална превенција за целата јавност“, рече Андонова.

Таа истакна дека со жртвата изминатиот период работеше Мултисекторскиот тим на ЕХО. Адвокатот на сторителите на насилството, Валентин Зафиров, оцени дека казната е висока, а дали ќе ја обжалат на повисок суд ќе треба прво да ја види на писмено, но и да се консултира со двајцата клиенти.

Од Обвинителството информираат дека по добивање на пресудата во писмена форма, ќе одлучат кои чекори ќе бидат преземени натаму за овој случај. Согласно Кривичниот законик за сторено кривично дело „насилство“, казната затвор е од шест месеци до пет години. Судијата денеска на сторителите, кои се наоѓаат во истражниот затвор во Куманово, им ја продолжи мерката притвор.

Македонија насилници пресуда Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.