НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус во Македонија: Досега се излекувани 852 лица, шест града без активни случаи

0
By Нова ТВ on May 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија досега се излекувани 852 лица од коронавирусот, моментно се активни 572 случаја, а вкупниот број на починати е 82. Од 16.997 тестирања беа потврдени 1.506 позитивни случаи на ковид-19, а во меѓувреме, во Дебар, во Радовиш, во Гевгелија, во Струмица, во Пробиштип и во Демир Хисар, повеќе нема активни носители на болеста.

Вчера, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 45 излекувани лица, еден починат и 15 нови пациенти со ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера за прв пат од почетокот на епидемијата, на дневно ниво, немаше прием на нови позитивни или сомнителни лица на ковид-19.

Намален е бројот и на тестирања, а како што посочи директорот на ИЈЗ, Шабан Мемеди, тоа се должи на бројот на земени брисеви, односно, како што појасни, „нема симптоми, нема епидемиолошки анкети, нема брисеви“.

„Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега четири лица починаа, а 47 се оздравени. Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по четири случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид-позитивни се оздравени“, наведоа од Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера во интервју за Телма посочи дека сите предложени мерки биле димензионирани за заштита на здравјето на граѓаните. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и нагласи дека и идните предлози ќе бидат носени врз основа на стручни аргументи, анализа на бројот на пациенти, на новодијагностицирани, на бројот на пациенти кои ги има во болниците и на домашно лекување.

Според него, мерките се добро димензионирани за што показател е тоа што сега секој ден има сè помалку дијагностицирани пациенти, сè помалку пациенти кои се лекуваат и повеќе излекувани отколку активни случаи.

Венко Филипче Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.