Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) МВР снимаше спот кај СЦ „Борис Трајковски“ за Денот на полицијата, граѓаните вознемирени

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: kanal5.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 22:16

Голем број на полициски возила со вклучени ротациони светла вечерва беа декор на големиот паркинг пред СЦ „Борис Трајковски“. Настанот ги вознемири жителите од околните куќи и згради во штотуку започнатиот „полициски час“ кои помислија дека станува за голема полициска акција, но причината е сосема поинаква.

Но, набрзо стигнаа смирувачки тонови од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека полициското присуство кај Националната арена „Борис Трајковски“ е всушност за снимање на промотивен видео спот за Денот на полицијата – 7 мај.

„Станува збор за снимање на спот за Денот на полицијата“, велат извори од МВР кои потврдија дека и техничкиот министер присуствувал на настанот на кој воедно се практицира и вежба за патрониот празник на полицијата.

Набрзо потоа се огласи и лично Чулев кој преку својот Фејсбујк профил објасни за што точно станува збор.

„Вечерва кај СЦ „Борис Трајковски“ се снимаше кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое Министерството за внатрешни работи ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадницитен на Армијата и на сите други во справување со коронавирусот. Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, а истовремено ќе се подигне нивниот морал. Потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните обврски на Министерството за внатрешни работи“, напиша Чулев на Фејсбук.

7 мај Ден на полиција МВР Наќе Чулев Спот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.