Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијатива „Голи сомнежи“: Германските лекари се соблекоа во знак на протест

0
By Нова ТВ on May 5, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 5, 2020 10:20

На почетокот на кризата со коронавирусот во март во Германија беше одлучено пациентите со полесни инфекции на дишните патишта да не мораат повеќе да одат кај својот матичен лекар за да добијат боледување. Доволен беше и телефонски разговор. Целта беше да се растоварат ординациите и да се спречи ширење на заразата. На средината на април беше планирано укинување на тие мерки.

„Еден петок попладне бевме информирани дека од понеделник ќе важат старите правила. Тоа многу нè разлути. Кои се луѓето со лесни симптоми на инфекција на дишните патишта? – Тоа се веројатно и пациентите заразени со коронавирусот“, вели Ханес Бланкенфелд кој има ординација во Минхен.

Тие, според него, не ги загрозуваат само хронично болните кои ги посетуваат ординациите. Лекарите се фрустрирани и поради недостатокот на заштитна опрема за време на пандемијата.

Фото: dw.com

„Трошиме наша заштитна опрема за преглед на пациентите со лесни симптоми кои можеби не морале да дојдат кај лекар“, вели Бланкенфелд.

„Голи сомнежи“

Бланкенфелд припаѓа на групата лекари од општа пракса кои се поврзаа низ Германија. Сакаа да го искажат своето негодување.

„Ни беше јасно дека ако објавиме само некое протестно писмо, тоа нема да има доволен одек“, истакна тој.

Пример им е францускиот лекар Ален Коломбје кој позираше гол за фотографија во својата ординација и така го осуди недостатокот на заштитна опрема. Иницијативата „Голи сомнежи“ се роди по примерот на тој акт. Во своите ординации или домови, лекарите се фотографираат голи. Всушност, речиси голи. Интимните делови на телото не се гледаат.

Фото: dw.com

„Кога ќе ни исчезне и ова малку што го имаме, тогаш ќе изгледаме вака“, наведуваат лекарите на нивната интернет страница.

На фотографиите лекарите се духовити. Машината за дупчење служи како продолжена рака за земање на брис од пациентот на безбедна дистанца. Прозирниот чадор е заштита низ која лекарот гледа во грлото на пациентот, а докторка ја користи својата коса наместо маска.

Притоа, не е само иницијативата „Голи сомнежи“ која се буни против укинувањето на мерките. Протестираа и здруженијата на лекари и политичари од разни партии. Но, продолжувањето засега важи само до 18 мај.

Долгорочно планирање?

Лекарската иницијатива не е задоволна со тоа. Се бара, за пациентите со лесни симптоми, лекарите да може да препишуваат боледување по телефон до крајот на пандемијата.

Фото: dw.com

„Во време на пандемија да се носат одлуки на секои две недели за продолжување, тоа воопшто не изгледа разумно и долгорочно планирање“, вели Бланкенфелд.

И заводите за здравствено осигурување се на страната на лекарите. Претседателот на ДАК, еден од најголемите такви заводи, Андреас Штром бара правилото да биде во сила до крајот на јуни. Според анкета која ја спроведе институтот „Форса“ на барање на ДАК, вработените одговорно се однесуваат кон новите правила. Само една десетина од испитаниците кои телефонски се пријавиле за боледување, тоа не би го сториле доколку морале да одат кај лекар.

Фото: dw.com

Работодавачите беа загрижени поради можноста од злоупотреба на овој начин на земање боледување. Ханс Бланкенфелд како и здружението на лекари претпоставуваат дека токму интересот на работодавачите се крие зад двонеделното продолжување на роковите. Бланкенфелд ги опишува своите искуства од ординацијата според кои луѓето повеќе сакаат да отидат на работа со лесни симптоми, одошто да се извлечат со боледување. Втората група, според него, е големо малцинство.

„Скандалозно е да нè доведуваат во оваа ситуација само од страв дека би можело да има многу боледувања“, вели тој.

Оддекот ширум светот на кој наиде иницијативата го изненади и Бланкенфелд. Досега на интернет-страницата се поставени 50 фотографии. Но, лекарите кои се членови на иницијативата не сакаат да бидат сведени само на слики, тие сакаат да бидат и слушнати.

Фото: dw.com

„Сакаме и ние да ги водиме луѓето низ кризата. Сакаме да ги заштитиме нашите пациенти. Сакаме да останеме способни за работа за заеднички да ја надминеме кризата. На лекарите им е потребна материјална поддршка во форма на заштитна опрема. Но и политичка поддршка за да не се случуваат погрешни одлуки кои во базата непотребно предизвикуваат поголем хаос“, вели Бланкенфелд.

Германија Заштитна опрема Коронавирус лекари мерки пациенти протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.