Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоени иницијативите на МЖСПП: Шара – Национален парк, Осогово – заштитено подрачје

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 6, 2020 13:58

Иницијативите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) за прогласување на Шар Планина за Национален парк и Осоговските планини за заштитено подрачје од категорија V беа усвоени на вчерашната седница на Владата. Ова го истакна првиот човек на МЖСПП, Насер Нуредини на денешната прес-конференција на која говореше за бенефитите на државата од заштитата на двете подрачја,за локалните самоуправи и население кои гравитираат во нивни рамки, но и за активностите што ќе следат.

„Со финализација на овој процес, ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, особено од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа, а истовремено заштитата на овие подрачја значи напредок и исполнување на обврските кон ЕУ директивите. Соодветното управување со заштитените подрачја значи користење на огромниот потенцијал за развој на локалната економија. Тоа подразбира заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, заживување на селата во и околу заштитеното подрачје со развој на еко-туризмот, традиционалното земјоделие и овчарството“, наведе Нуредини.

Статусот за заштита, како што информира тој, бил утврден од страна на експертски тим кој спровел студии за валоризација на подрачјата со кои било утврдено дека содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за чие зачувување треба да бидат преземени мерки.

Нуредини, согласно законската процедура за прогласување на заштитените подрачја, нагласи дека ќе има јавни дебати што базирани од предлозите на локалното население. По усогласувањето на мислењата и забелешките ќе бидат изготвени конечните предлози за прогласување на овие локации кои повторно ќе бидат доставени до Владата за усвојување. Министерот за животна средина и просторно планирање притоа увери дека ќе бидат земени во предвид сите барања од засеганатите страни за обезбедување на заштита на природата без нанесување на штети на локалното население и обезбедување на развој на локалитетите според европските стандарди.

Влада Заштитено подрачје МЖСПП Насер Нуредини Национален парк Осоговски планини Шар Планина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.