НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемеди: Пратеници на ВМРО викаа „тишина“ додека Ихрахими ја пееше албанската химна

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Весел Мемеди, поранешен пратеник и потпретседател на македонскиот парламент, претпладнево во Кривичниот суд сведочеше во случајот за организаторите на настаните од 27 април во 2017 година. Во изказот тој одговари и на моментот на пеење на албанската химна на говорницата од пратеникот на БЕСА, Зекирија Ибрахими.

„Убаво се сеќавам дека Крсто Мукоски се јави за процедурално и почна да ја пее македонската химна. Во тој момент видов дека Артан Груби и Џевад Адеми, кои седеа пред мене, се пријавија за збор, а по нив забележав дека истото го стори и Зекирија Ибрахими, кој беше десно од мене. Кога заврши Мукоски, претседателот Трајко Вељаноски му даде збор на Ибрахими, иако пред него се пријави Груби и Адеми кој негодуваше зошто Ибрахими добил предност“, рече Мемеди во судницата.

Тоа, според него, упатувало на организирано сценарио за што како причини ги наведе предноста ја добил Ибрахими во однос на Адеми и Груби и однесувашњето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во еден момент почнаа да викаат „тишина“. Потоа стана пратеникот Димитар Стевананџија кој се обрати до колегите до „тишина, тишина“. Моја претпоставка е дека тоа беше со цел убаво да се слушне надвор што се случува внатре. Ова го велам денеска по три години од случувања, а ако ме прашате ќе го повторам и по 15 години“, додаде Мемеди.

На ова се надоврза одбраната која го праша Мемеди „дали слушнал дека Стевананџија вели само „тишина, тишина“, дали тоа го правел за да се слушне албанската химна или тоа е само негова претпоставка“ на што одговори дека е негова претпоставка. Но, нагласи дека Стевананџија станал и побарал тишина во моментот на пеење на албанската химна.

Мемеди потоа беше прашан „дали може пратеник да го повлече пријавувањето за збор, односно дали е можно пратениците Адеми и Груби да се откажале од дискусија, а тој да не видел“, меѓутоа тој остана на претходно кажано дека „не само што тие се пријавиле за збор туку и реагирале кога Вељаноски му дал збор на Ибрахими“.

Одбраната го праша Мемеди „дали смета дека и пратеникот Ибрахими бил дел од сценариото“ на што одговори „апсолутно, не се сомневам со тоа“.

Ова беше второ сведочење на Мемеди во судница. Во улога на сведок тој беше и во предметот за настаните во Собранието од 27 април во 2017 година во кој со обвинението беа опфатени 33 лица од кои 15 подоцна добија амнестија.

Албанска химна Весел Мемеди ВМРО-ДПМНЕ Зеќирија Ибрахими сведочење Собрание сценарио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.