Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: За првпат како земја се чувствуваме да сме внатрешно прашање на ЕУ

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 15, 2020 15:54

Вицепремиерот Бујар Османи, како национален координатор за распределба на странска помош во земјава, денеска прими донација од Австрија што е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија како поддршка во борбата со ковид-19. Османи, кој се заблагодари за донацијата, рече дека ова е доказ за добрите билатерални односи меѓу двете држави и грижата што секогаш ја покажува Австрија кон нашата земја на политички план.

„Австрија направи многу во делот на започнување на преговорите, но и за конкретната соработка. Не е прв пат земјава да го ползува Цивилниот механизам на ЕУ за поддршка во време на кризи. Така беше и пред неколку години кога земјава беше соочена со предизвиците од поплавите, што укажува на функционалноста на Цивилниот механизам, како платформа за блиска соработка меѓу земјите од Европа“, истакна Османи.

Но, она што е многу поважно, според Османи, е тоа што за првпат како држава сме третирани како внатрешно прашање на Европската унија.

„Првпат чувствуваме што значи да сме дел од Европската унија. Она што е важно е дека за првпат ние сме третирани како внатрешно прашање на Европската унија, а тоа се случува поради тоа што почнавме преговори со Унијата“, рече Османи.

Тој притоа посочи дека земјава, покрај Европскиот механизам за цивилна заштита, е директно вклучена и во останатите заеднички политики на ЕУ за справување со предизвикот на пандемијата, како што се заедничката јавна набавка на медицински средства и материјали, размената на информации и стекнати знаења, исклучувањето од извозните ограничувања за медицински материјали и заштитна опрема и вклучувањето во Европскиот солидарен фонд.

Бујар Османи донација ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.