Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на целата држава, се забележани 77 прекршувања на забраната за движење, при што се приведени 58 лица, а за останатите се земени податоци и се најавени соодветни мерки.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР), регистрирани се и 37 прекршоци по однос на мерката за задолжително носење на заштитна маска.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија се издадени решенија за изолација на 11 лица, додека 27 лица потпишале изјави за самоизолација и не е евидентирано непочитување на мерката за изолација и самоизолација.