НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проект „Еко офанзива“: Шест нови паркови и уредување на постоечките во Битола

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: bitola.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шест нови паркови, дополнителна комунална опрема, хортикултурно уредување и поставување на нови детски реквизити во Битола се дел од првата фаза на проектот „Еко офанзива“. До крајот на годината, како што истакна градоначалничката на Битола, Наташа Петровска општината ќе добие сосема поинаков изглед.

„Ова е почеток на акцијата која годинава интензивно ќе се реализира, затоа што сиот узурпиран простор кој што го имавме во минатото што беше нефункционален, оваа локална самоуправа е решена да го стави во поинаква функција, во функција на граѓаните. Шесте нови паркови се само почеток, а до крајот на годината ќе завршиме со поинаков изглед на опкружувањето на живеалиштата на нашите граѓани“, рече Петровска.

Фото: bitola.gov.mk

Јавното претпријатие „Комуналец“ е реализатор на проектот „Еко офанзива“. Директорот на „Комуналец“, Панде Богоевски посочи дека активностите на терен се одвиваат на различни локации, на територијата на целата општина. Вклучени се како што рече, нови содржини меѓу кои 20 детски композиции, а се опремуваат парковите и во руралните средини, како што е паркот во селото Кравари.

„Како јавно претпријатие извршивме санација на голем дел од постоечките детски паркови во градот, но истовремено се одвоија и нови локации за паркови. Имаме соработка и со приватни компании, во случајов имаме донација на канделабри, со што паркот има прекрасен изглед и во вечерните часови. За реализацијата на оваа фаза од проектот се издвоени 3.000.000 денари“, рече Богоевски.

Проектот „Еко офанзива“ се изведува во рамките на програмата за уредување и обезбедување на нови зелени површини на територијата на Општина Битола.

„Еко офанзива“ Битола Паркови проект Уредување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.