НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 го откажа чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим

0
By Нова ТВ on May 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешниот ден е посветен на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. За нивниот живот и дела се напишани над 10.000 студии, прилози и статии, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име. Тие се патрони на Скопскиот универзитет. Во 11 век, Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стариот календар) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија за првпат бил одбележан на 11 мај во 1860 година во црквата „Св. Богородица“ во Скопје.

Чествувањето со различни манифестации продолжува до денес. Централната е со поклонение на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“ во Рим што за првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Но, годинава поради актуелната состојба со коронавирусот изостана вообичаено чествување на празникот и откажано е поклонението на државно-црковната делегација на неговиот гроб во Рим. Во последните години одбележувањето беше заедничко со Бугарија, но овојпат македонскиот претседател Стево Пендаровски и бугарскиот Румен Радев решија да ја откажат посетата на Рим и Ватикан, а чествувањето да го одложат за втората половина од годинава кога условите ќе го овозможат.

Традиционално, 24 мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.

24 мај Македонија празник Просветители Св. Кирил и Методиј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.