Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силна бура ја погоди Австралија: Осум метарски бранови и ветар со брзина до 132 км./ч.

0
By Нова ТВ on May 25, 2020 СВЕТ
Фото: dailymail.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 25, 2020 16:31

Десетици илјади домаќинства и компании останаа без електрична енергија, оштетени се згради и искорнати се дрвја како последица на силното невреме што втор ден по ред го погоди западниот брег на Австралија. Засега нема извештаи за повредени или загинати во бурата каква, според Џон Брумол, официјален претставник на Одделот за противпожарни и итни случаи на Западна Австралија, се случува еднаш во десет години.

Бурата погоди област од 1.200 километри на западниот брег на Австралија од Карнарвон до Кејп Луин, вклучувајќи го и главниот град на таа австралиска држава Перт, со налети на ветрот од над 90 километри на час во текот на ноќта, изјави првиот човек на Бирото за метеорологија, Нил Бенет. Брзината на ветерот достигна и 132 километри на час на Кејп Луин, што е најсилната брзина забележана во мај уште од 2005 година.

Обилните дождови го погодија крајбрежјето, а дождот и брановите високи осум метри предизвикаа поплави на брегот, рече Бенет. Бурата се движеше по должина на брегот, вклучително и областа околу Перт, но особено го погоди југозападниот дел на државата Западна Австралија.

Околу 65.000 домаќинства и фирми останаа без електрична енергија среде невремето, но во меѓувреме, за многумина е воспоставено снабдување, додека 24.000 домаќинства сè уште немаат електрична енергија, рече премиерот на Западна Австралија, Марк МекГуан.

Австралија Бранови бура Ветар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.