НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускоска: Јанева ја избра страната на злото и уште е во филмот „Чарлиеви ангели“

0
By Нова ТВ on May 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Катица Јанева уште е во филмот на „Чарлиевите ангели“ е воведот со кој обвинителката Вилма Рускоска ги почна завршните зборови во случајот „Рекет“. Според неа, Јанева со нејзините „Чарлиеви ангели“ била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото. Таа смета дека во текот на постапката недвосмислено се докажала вината на Бојан Јовановски – Боки 13 и на Катица Јанева, а одбраната се обидува да одбрани нешто што е неодбранливо.

Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон.

„Износите на пари што се барани, повеќето од нас не можеме да ги замислиме ни на сон, а не на јаве“, истакна Рускоска.

Во освртот на дадената одбрана, таа за Јовановски кажа дека е „балканска ѕвездичка“ и дека скапата брендирана облека не се подарува на личности од негиовт калибар и дека тие сами си ја купуваат, доколку имаат пари за тоа. За Јанева, пак, нагласи дека не е спорно што дала позитивно мислење за давање на времен пасош на Камчев, туку причината поради која го сторила тоа – „алчноста за пари“.

Во завршните зборови, Рускоска цитираше и делови од аудио снимките објавени во италијанскиот весник „Ла Верита“, како и делови од исказите на сопружниците Камчеви за тоа како им биле барани пари, како и на исказите на обвинителите од СЈО кои беа сведоци во процесот.

Рускоска додека ги даваше завршните зборови презентира и фотографија што според неа е доказ дека торбата со парите завршила во домот на родителите на Јовановски. На фотографијата се гледа дека торбата е на тросед на кој седи човек, а според вештачењето локацијата каде е направена фотографијата е семејната куќа на Јовановски.

Во продолжение таа презентираше нова снимка од домот на Камчев која во текот на процесот не беше објавена како доказ, ниту пак беше дел од сетот снимки кои протекоа во јавноста. Според Рускоска снимката е од 21 февруари, ден откако ги зеле парите од Камчев, а на неа се гледаат Милевски и Јовановски со друга чанта со што паѓа во вода тврдењето на одбраната дека чантата со пари му била вратена на Камчев.

„Тие заедно доаѓаат во куќата на Камчев. Милевски носи ташна, но црна и со големи рачки. Таа и по изглед и по големина се разликува од торбата „Луј Витон“.На 22 и 23 февруари ниту Јовановски ниту Милевски не биле во неговиот дом“, рече Рускоска.

Оваа снимка беше причина за бурна рекација на одбраната и на обвинетиот Јовановски. За адвокатот на Јовановски, снимката што ја пласираше Рускоска е незаконска и не може да биде доказ.

„Ако јавниот обвинител веќе сметал дека тој доказ не е релевантен, сега на мала врата да се доставува тој доказ чисто јавноста да види што и како е вратено кај Камчев. Притоа да се користат извадоци само од 21 февруари, а не и од 22 февруари кога Јовановски тврди дека чантата е вратена, сметам дека е тотално незаконски“, изјави адвокатото Сашо Дуковски.

Дел од завршните зборови на обвинителството во предметот „Рекет”, беа и разговорите меѓу сега осудениот Зоран Милевски-Кичеец и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, каде тој му вели на Кичеец дека „сметките на Камчев нема да бидат замрзнати“.

„Нормално, ако му замрзнати сметките од каде ќе се врши исплатата“, искоментира обвинителката Рускоска.

Исказот на сведокот, бизнисменот Томе Главчев, од Гевгелија, исто така беше опфатен во завршните зборови на обвинителството во делот каде што тој изјави пред судот „дека бил скаран со обвинетата Катица Јанева, односно цена за рекламирање во 1ТВ, се покачила по неговиот притвор предложен од СЈО“.

На денешното рочиште за првиот предмет во историјата на правосудството каде е обвинет и еден обвинител, обвинителката Рускоска, го наведе и исказот на новинарот на 1ТВ, Кристијан Баневски, кој пред судот рече дека кога го прашал обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, „дали одреден бизнисмен го рекетира, тој му одговорил дека од нешто може да се живее“.

Во дополнение на доказна постапка одбраната на Катица Јанева, достави доказ дека поднел приватна кривична тужба против лицето Бојан Јовановски за неовластено снимање. Рускоска, овие снимки ги толкуваше како вистинити и дека е вистина оти обвинетата Јанева зела пари од обвинетиот Јовановски и потенцира дека Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција нема намера никого да штити.

„Ако и јас сум направила кривично дело, и јас треба да одговорам. Не е вистина дека сум имала анимозитет кон Катица Јанева. Од почетокот сум ја поддржала Катица Јанева и цело СЈО. Но, анимозитотот за Јанева почна по истражна постапка за овој предмет, рече Рускоска.

Бранителот на Јанева, адвокатот Дељо Кадиев, пак, изјави дека во текот на процесот нема докази кои го потврдуваат обвинението против неговиот клиент.

„Веруваме дека нема ниту еден доказ со што се потврдува обвинителниот акт. Не браниме ништо што не е одбранливо“, истакна Кадиев и додаде дека ќе даде повеќе детали и образложенија во завршните зборови.

Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната.

Бојан Јовановски Вилма Русковска завршни зборови Јордан Камчев Катица Јанева Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.