Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Првиот можен датум за избори е во средината на јули

0
By Нова ТВ on June 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 14, 2020 16:07

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција порача дека партијата нема да оди на предвремените парламентарни избори ако тие се одржат на 5 јули или на предложениот 8 јули, а прв можен датум е средината на јули. Тој го повика претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и услови за фер и демократски инклузивни избори. Нагласи дека еден ден откако во земјата ќе стигне Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР може да почне кампањата.

„Имаш време денес до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба. За зошто да ја продолжи вонредната состојба? – Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има два услова, а тоа е најпрво да изработиме протоколи со кои ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Знам дека и тебе ти е тоа приоритет. Од ова кратко време колку што имав можност да те запознаам г. Стево Пендаровски, знам дека и за тебе е тоа приоритет – да изработиме протоколи со кои ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. И втората работа е да имаме фер и демократски инклузивни избори во оваа држава. Што значи тоа? – Тоа значи дека првиот ден кога мисијата набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија веднаш по одржаната нивна прес-конференција следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ го антиципираме, првиот можен датум е во средината на јули“, рече Мицковски.

Тој упати порака и до раководство на СДСМ и до Зоран Заев да не прават притисоци ниту во ДИК, ниту кај граѓаните.

„Ќе ве победиме кога и да се случат тие избори. Ќе ве победиме. Одважете се уште од сега и престанете да го втурнувате народот во една ситуација во која што наместо да нудиме проекти, ќе ги броиме бројот на новозаразените и луѓето кои за жал ќе загубат живот. А, јас, ви ветувам дека по дебаклот што ќе ви се случи кога и да се одржат тие избори ќе имате право на невиност, на пресумпција на невиност, но одговорноста нема да ви бега“, рече Мицкоски.

Синоќа на полноќ заврши вонредната состојба, а откако лидерите на двете најголеми партии во државата владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски завчера во Вила Водно не постигнаа договор за датумот за изборите, продолжуваат да течат изборните дејствија за избори на 5 јули. Кампањата, пак, ќе започне на 16 јуни.

ВМРО-ДПМНЕ избори Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.