Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицаецот кој го уби Рејшард Брукс се соочува со смртна казна или доживотен затвор

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com/ajc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 18, 2020 09:32

Полицаецот од Атланта, кој минатата недела пукаше во Афроамериканецот Рејшард Брукс на паркинг пред еден ресторан за брза храна, е обвинет за кривично дело убиство, соопшти окружниот обвинител на американската сојузна држава Џорџија, Пол Хауард Џуниор, пренесува „Дојче Веле“.

Смртта на 27 годишниот Брукс, последната жртва на долгиот список Афроамериканци кои ги убиле полицајци, дополнително ги заостри расните тензии во САД во момент кога ширум земјата се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд на крајот на мај во Минеаполис.

Полицаецот Герет Ролф, кој го уби Брукс на 12 јуни и наредниот ден доби отказ бидејќи инцидентот го снимија безбедносни камери, е обвинет за убиство сторено во рамки на кривично дело и за напад со смртоносно оружје, изјави обвинителот на округот Фалтон, Паул Хауард, на конференцијата за новинари во Атланта.

Герет Ролф се соочува со вкупно 11 обвинувања, а ако биде прогласен за виновен, би можел да биде осуден на смртна или доживотна затворска казна. Афроамериканецот Рејшард Брукс заспал во автомобилот во близината на еден ресторан за брза храна во Атланта, што им оневозможило на други возила да минат, па била повикана полицијата.

Како што се гледа на снимките што се проширија преку социјалните мрежи, Брукс мирно разговара со полицајците, а кога сакааат да му стават лисици бидејќи утврдиле оти е во алкохолизирана состојба започнал да бега. На еден од полицајците му ја одзел направата за електрошокови, а еден од нив, инаку белец, испукал три куршуми и смртно го застрелал, што потврди и аутопсијата.

Девин Броснан, друг бел полицаец кој бил присутен, ќе соработува со обвинителот, изјави Паул Хауард. Аутопсијата покажа дека Брукс е погоден двапати во грбот и оти починал поради крварење и повреда на внатрешните органи.

Атланта казна полиција Рејшард Брукс САД убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.