Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Униформата да ја носите со чест и со достоинство

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2020 11:24

Убедена сум дека ова наше сојузништво и партнерство во кое покажавме дека се можни резултати на секој план, ќе продолжи како и денес. Да Ви посакам да ја носите оваа униформа со чест и со достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната промоција на новите униформи за припадниците на Армијата, во скопската касарна „Илинден“.

Здравствената криза што го зафати нашето целокупно општество, потенцираше Шекеринска, не ги намали инвестициите во одбраната и секојдневните заложби, и покрај вонредната состојба, за реализација на една од покрупните набавки што се презедоа заедно со оклопните возила.

„Заедно во такво партнерство и таков сојуз ја испишавме влезницата за НАТО, заедно го вративме достоинството во оваа професија. Навистина сум горда на овие заеднички достигнувања“, рече министерката Шекеринска.

Шекеринска наведе дека сме на крајот на долгата и исцрпувачка вонредна состојба што првпат беше прогласена на 18 март оваа година. Наведе дека Армијата заедно со здравствените работници, со полицијата одигра една од клучните улоги во овој тримесечен период.

„Бевте секаде каде ја бараа вашата поддршка. Како никогаш досега Армијата беше блиска и сплотена со својот народ затоа не ме изненадија истражувањата на јавно мислење кои покажаа дека Армијата е меѓу институциите во кои граѓаните имаат највисока доверба, а од државните институции на самиот врв. Доверба која ја примивме навистина за вашите дела ви честитам и ви благодарам“, рече министерката за одбрана пред присутните.

Според неа, последниот период од неколку месеци можеби е најсликовит пример зошто секогаш треба да вложуваме во Армијата.

„Верувам во партнерства и сојузи кои се потребни, прогресивни и принципелни, така влеговме во НАТО со работа со принципи со реформи и со резултати“, потенцира Шекеринска.

АРМ Радмила Шеќеринска униформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.