Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подмладоци на партиите потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2020 13:07

Претседателите на подмладоците на 33 политички партии денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори, а со парафирање на документот тие демонстираат и решителност за борба против говорот на омраза и негово намалување и отстранување во општеството.

„Младите за разлика од сениорите досега низ годините успеаја да изградат здрав и квалитетен политички дијалог и тоа го кажувам со целосна одговорност. Ние од почетокот на програмата „Политички дијалог меѓу младите политичари“ сме имале најразлични активности во кој тие биле рамо до рамо со повозрасните во иницијативи и начини на решавања на проблеми кои не сме ги виделе. Затоа младите се тие кои ни дваат надеж дека следат подобри времиња на политичката сцена во Македонија“, рече Билјана Јанева, извршен директор на Институтот ОХРИД, кој е организатор на потпишувањето на Декларацијата.

Таа истакна дека овој процес ќе биде поинаков од сите досегашни поради ситуацијата со коронавирусот и оти можеби ќе биде полн со непознаници, но сепак заедно со политичките подмладоци апелираа младите масовно да учествуваат во него, секако со запазување на сите протоколи за заштита.

Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан кој се одржува пред секои избори. Декларацијата за фер, слободни и демократски избори за прв пат беше потпишана во 2014 година.

Потпишувањето на оваа Декларација треба да пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја, капацитет и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.

Институтот ОХРИД ја спроведува програмата „Политички дијалог помеѓу младите политичари“ од 2010 година. Во неа се обединети сите активни политички подмладоци и нејзината цел е да негува и гради политичка култура и дијалог, но и да ги гради капацитетите, вештините и знаењата на младите политичари како идни лидери и носители на одлуки.

Декларација избори партии Подмладоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.