Грција во среда ќе отвори седум премини на копнените граници со Северна Македонија, со Албанија, со Бугарија и со Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот брифинг со новинарите.
Во однос на Македонија ќе биде отворен само граничниот премин „Евзони“ (Богородица), додека пак кон останатите три земји ќе бидат отворени по два гранични премина.